Овој документ пред неколку дена индиректно го најави бугарскиот вицепремиер Каракачанов кој порача дека Македонија нема да почне преговори со ЕУ додека не ги задоволи бугарските барања.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 септември, 2020 16:25

Бугарија почна со блокадата на Македонските преговори со ЕУ

Фото/Текст извор: ©Експрес.мк

Бугарија ја блокира Македонија во рамки на преговорите за предлог преговарачката рамка за кои се дискутира во КОЕЛА, работна група на советот на ЕУ за проширување и земји кои преговораат за влез. (EU Council’s Working Party on Enlargement and Countries Negotiating Accession to the Union (COELA) дознава Експрес.мк.

Бугарски извори тврдат дека бугарските претставници го блокираат почетокот на преговорите за Макеоднија поради постоење поголем број на причини поврзани со почитување на добрососедските односи.

Според изворите во Софија доколку овие проблеми не бидат надминати до крајот на септември Бугарија нема да попушти и ќе го блокира формалниот почеток на преговорите за Македонија кој што според најавите од Берлин треба да се случи во декември.

Според изворите на expres.mk Софија бара посебен документ потпишан од владата во Скопје со кој ќе се гарантира целосно спроведување на Договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија.

Во документот за кој не се открива каков назив треба да има македонската страна мора да го прифати сите бугарски позиции кои се однесуваат на историјата, учебниците, Гоце Делчев и други револуционери, нарекувањето на бугарската војска од втората светска војна како фашистичка и неколку други прашања.

Овој документ пред неколку дена индиректно го најави бугарскиот вицепремиер Каракачанов кој порача дека Македонија нема да почне преговори со ЕУ додека не ги задоволи бугарските барања.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести