Во декември минатата година, бугарското Министерство за надворешни работи објави дека протера руски дипломат под сомнение дека се занимавал со шпионажа.

Објавил: Мате Парлоф | 21 март, 2021 10:32

БУГАРИЈА ПРОТЕРУВА РУСКИ ДИПЛОМАТИ: Шпионски скандал ја тресе Софија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека има намера да протера руски дипломати, бидејќи тие се осомничени за поврзаност со шпионажа.

Во декември минатата година, бугарското Министерство за надворешни работи објави дека протера руски дипломат под сомнение дека се занимавал со шпионажа.

“Имаме добри партнерски односи со Русија во неколку области, но оваа активност за шпионажа мора да биде запрена!

Бугарија ќе продолжи решително да ја брани својата национална безбедност и евро-атлантскиот идентитет, гарантирано диверзифицирање на гасот, воена модернизација и претстојното пристапување во еврозоната” изјави Борисов за новинарите.

Имено, во текот на оваа недела, бугарското обвинителство објави дека поднело обвинение за шпионажа против шест нејзини граѓани, вклучувајќи војници и јавни службеници, кои наводно овозможиле пренесување на доверливи податоци во Русија.

Бугарското Министерство за надворешни работи исто така се сомневаше дека групата имала врски со руската амбасада во Софија.

Руската амбасада во Софија објави дека очекува дека судењето за тој случај ќе се одржи на „деполитизиран“ начин и истакна дека шпекулациите за вмешаност на Русија во случајот не се ништо друго освен обид да се вметне клин во односите меѓу Москва и Софија!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.