Доставени над 30 страни забелешки за учебниците по историја во Македонија од Бугарија

Објавил: Перо Милчин | 10 ноември, 2018 16:25

Бугарија со сериозни забелешки за содржината на учебниците по историја

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, во одговор на пратеничко прашање, изјави дека Бугарија доставила над 30 страници забелешки во учебниците по историја до Македонија, за време на работата Комисијата за историски и образовни прашања утврдена со Договорот за добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија.

Комисијата досега имаше две средби, третата се очекува да се одржи до крајот на овој месец, рече Захариева. Учебниците по историја се разгледуваат во двете земји рече Захариева, и додаде дека досега биле разгледани учебниците од шесто до седмо одделение во Република Македонија, и за нив биле доставени забелешки кој биле на повеќе од 30 страници.

Со ова се потврдија стравувањата на дел од стручната и интелектуалната јавност, како и на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, за влијанието на соседната земја врз нашата историја.

Таа истакна дека очекувањата на комисијата се многу високи, иако бугарските претставници од Комисијата констатирале сериозни проблеми во содржината на учебниците, атмосферата во комисијата е конструктивна.

Драган Ѓоргиев шеф на македонскиот тим за медиумите рече дека Македонија и Бугарија немаат никакви различни гледишта за праисторискиот и античкиот период, а забелешките се главно за содржините од средниот век – за Самоиловата држава и за просветителите Св. Кирил и Методиј.

,,Утврдени се пропусти и во нашите и во бугарските учебници и започната е анализа за дел од нив‘‘, вели Ѓоргиев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Историја

Воедно, тој посочи дека ги имаа контактирано сите канцеларии на седумте потписници на Охридскиот рамковен договор и дека не успеал да го обезбеди оригиналниот документ.

ТЕТОВЕЦОТ ИЛИР ЛУМА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ 20 ГОДИНИ ЧУВАЛ ПРИМЕРОК ОД ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР

Илир Лума од Тетово, поранешен член на ПДП, во последните 20 години во домашни услови...

Во врска со моменталната ситуација со македонско - бугарските односи премиерот Заев истакна дека непринципиелната позиција на Бугарија спречи овозможување на првата меѓувладина конференција со ЕУ со што требаше да биде означен почетокот на преговорите.

ЗАЕВ: Нема да преговарам за тоа дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вчера учествуваше на...

Читам дека во денешна Македонија има лекари кои не знаат латински. Мртов јазик, нели? Не знам како е со правниците, но и во правото, не само Римското право, без познавање на латинскиот не се може.

МИЛЧИН: Државата исчезнува од ден на ден- во Собранието се тргува и на ситно и на ангро

И ДЕНЕС ИСТОРИЈАТА Е УЧИТЕЛКА НА ЖИВОТОТ! Повозрасните граѓани веројатно ја паметат...