Покрај споменатите борбени авиони, Бугарија од САД ја доби и соодветната опрема за вооружување.

Објавил: Перо Милчин | 12 август, 2019 20:36

БУГАРИЈА ја збогати Америка за 1,2 милијарди долари за осум борбени авиони!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бугарија на Соединетите Американски држави им исплати 1,2 милијарди долари за набавката на осумте борбени авиони Ф-16 Блок 70.

Договорите за набавка на Ф-16 ги потпишаа бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов. Набавката на осум летала Ф-16 „блок 70“ е највредната набавка на оружје во Бугарија во последните 30 години.

Купувањето на авионите, оружје, пропратната опрема и системи се изврши преку четири различни тендери.

Заменик министерот за одбрана Атанас Запарјанов изјави дека договорот вреден 1,25 милијарди долари ги вклучува леталата, муницијата, опремата и обуката на пилотите и дека постои опција американскиот Конгрес да помогне со 60 милиони долари.

Тој кажа дека шест авиони Ф-16 со едно седиште и два со две седишта ќе бидат испорачани во 2023 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести