Идентично како од крајот на XIX и почетокот на XX век, Бугарија повторно го користи јазикот како најмоќно оружје за асимилација на Македонците! Овој пат во Албанија.
Согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, пензиите се усогласуваат на 1 јануари и 1 јули секоја година, според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие, во однос на полугодието кое му претходи објавени од Државниот завод за статистика.

Објавил: Мартин Попоски | 15 февруари, 2022 12:57

Бугарија ја интензивира асилимацијата на македонското малцинство во Албанија, Владата и МНР молчат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Негирањето на македонското малцинство во Бугарија и барањето за внесување на Бугарите во македонскиот Устав, како „конститутивен“ народ, од страна на источниот сосед е само отварање на пандорината кутија по ова прашање.

Идентично како од крајот на XIX и почетокот на XX век, Бугарија повторно го користи јазикот како најмоќно оружје за асимилација на Македонците! Овој пат во Албанија.

Имено, бугарската фондација „Македонија“ и нивниот координатор за Албанија, Арнолд Мурати, најавија отпочнување на курс по бугарски книжевен јазик и литература за „бугарското малцинство“ во Албанија. Ваквата политика наведува на тоа дека Бугарија се обидува и македонскиот етникум во Албанија да го претстави како свој, а токму преку оваа програма прави обид да вклучи колку може повеќе Македонци и истите да ги претстави како свое малцинство.

Постои реална опасност во догледно време Бугарија од Македонија да побара сопственото малцинство во Албанија да го признае како бугарско, истото барање да се претвори во предмет на преговарачката маса и истото да биде причина повеќе за вето.

Покрај нужноста од заштита на македонското малцинство во Бугарија, државата итно мора да преземе конкретни мерки и за заштита на македонското малцинство во Албанија! Политика на агресивна асимилација повеќе не смее да се толерира, а решавање на овој проблем не смее да биде предоцна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.