Клучните два елементи во Рамковната позиција за Македонија на бугарската влада од минатата недела.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 октомври, 2019 15:56

Бугарија ја поддржува Македонија со „ДА“!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ексклузивна колумна за „Економски Лидер“ на Андреј Ковачев, Европратеник и потпретседател на ЕПП – во пресрет на одлуката на Европската Унија околу датумот за почеток на преговори за членство во унијата на Македонија. Во колумната Ковачев детално ја објаснува бугарската Рамковна позиција за Македонија.

пишува: Андреј КОВАЧЕВ, Европратеник и потпретседател на ЕПП

Клучните два елементи во Рамковната позиција за Македонија на бугарската влада од минатата недела.

• Првиот е дека Бугарија Кажа ДА за почеток на преговори со ЕУ. Бугарија не ја блокира Македонија за датум за почеток на преговорите! Блокирање би било да не се даде датум за почеток на преговори или решението да биде одложено. Имено, неофицијално објавената француска позиција би била такво одложување. Искрено се надевам дека тоа нема да се случи и Бугарија ќе ги даде, убеден сум во тоа, сите напори во наредните неколку денови да ги убеди европските партнери тоа да не се случи. За сите нас е од исклучителна важност Македонија да добие датум за почеток на преговори во најскоро можно време!

Секоја друга интерпретација, дека Бугарија ја блокира или запира Македонија е или неразбирање на европските процеси или целосна манипулација како оние од времето на Титовата Југославија, со цел Бугарија да биде повторно претставена во најцрно и негативно светло.

• Вториот клучен елемент од рамковната позиција, како и во Договорот за пријателство и добрососедство е темата за заедничката историја. Заедничката историја НЕ означува споделена историја или преплетена историја. Такви ни се историите со останатите држави и нации како од Балканот, така и од Европа. За разлика од нив, географските региони Мизија, Тракија, Добруџа и Македонија, кои биле со стотици години населени доминантно од Бугари, имаат долга заедничка историја – тоа означува дека во минатото биле едно. Така на пример државата на која што Самоил и е Цар е Бугарија. Народот во тие држави е основно бугарски. Како Бугари се самоопределувале и декларирале сите преродбеници и револуционери од ВМРО. Како Бугари се пишувале, нарекувале, декларирале, во официјални документи или неофицијални лични кореспонденции и книги напишани од самите нив – Глигор Прличев, Браќата Миладиновци, Рајко Жинзифов, Кузман Шапкарев, Димитар Талев. Исто како и Гоце Делчев, Даме Груев, Христо Татарчев, Милан Матов, Борис Серафов, Ѓорче Петров, Генерал Протоѓеров, Тодор Александров, Иван Михајлов и многу други. Тајната организација – ВМРО е созададена во во 1893 година во Солун како БМРОК – Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети, потоа се преименуваат во ВМОРО – Внатрешна македоно-одринска револуционерна организација, а во 1919 година е ВМРО. Таа организација ја создаваат бугарите од Македонија и Одринска Тракија за да се ослободат од Османското владеење. Сите официјални документи на организацијата се напишани на литературен бугарски јазик. Целиот нејзин архив е зачуван и широко достапен (дури и во Македонија) и во него може да се видат оригиналните документи во кои пишува дека ВМРО била организација на македонските Бугари и пред сè друго, се борела за бугарштината.

Целата Колумна можете да ја прочитате ОВДЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...