Бугарскиот претседател Румен Радев остварил разговор со неговиот македонски колега Стево Пендаровски во врска со големиот пожар кај Кочани, соопшти Кабиентот на Радев.

Објавил: Владо Марин | 4 август, 2021 13:07

Бугарската влада ќе испрати 25 пожарникари во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По наредба на преодниот премиер Стефан Јанев, Бугарија испраќа поддршка за Република Македонија за справување со пожарите.

Од прес-службата на бугарскиот Владин кабинет, соопштија дека Бугарија ќе ја поддржи Македонија преку механизмот за взаемна помош, а за гаснење на катастрофата во Кочани и Делчево, бугарската Влада планира да испрати 25 пожарникари, три противпожарни возила и уште две амбулантни возила.

Бугарскиот претседател Румен Радев остварил разговор со неговиот македонски колега Стево Пендаровски во врска со големиот пожар кај Кочани, соопшти Кабиентот на Радев.

„За да се вклучат бугарските спасувачи и војската, владите на двете земји треба да се договорат за вклучување бугарска противпожарна опрема за да помогнат во контролата на ситуацијата во Кочани“, наведено е во соопштението.

За време на разговорот, Радев го запознал Пендаровски со ситуацијата со пожарот и во Бугарија, но тој изразил подготвеност Софија да пружи помош. Владата во Софија соопшти дека утрово техничкиот бугарски премиер Стефан Јанев остварил телефонски разговор со неговиот македонски колега Зоран Заев, при што разговарале за пожарите во близина на Кочани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.