Захариева во младите години!

Објавил: admin@magazin | 19 ноември, 2020 6:37

Погледнете како изгледала Екатерина Захариева, душманот на Македонија?

Фото/Текст извор: ©glamur

Потекнува од многу богато семејство и навистина е убава, но за жал во животот читала многу „чудна“ литература.

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, наскоро треба да прослави 15 години од својот брак.

Таа на својот профил на Фејсбук во една пригода сподели фотографии од нејзината свадба на која е со раскошен бидермаер во рацете и во прегратките на својот сопруг, Ангел Захариев.

Министерката потекнува од богато семејство, а нејзиниот сопруг е еден од сопствениците на архитектонското студио „A and A Architects Ltd“ кое има направено бројни клучни проекти во Бугарија.

Нивната работа, заедно со светски познатото студио Аткинс, е и првиот облакодер во Софија – Капитал Форт, сместен спроти Меѓународниот изложбен центар.

Сопругот на Екатерина исто така ги има дизајнирано и Бизнис парк Софија и Станбен парк Софија.

Екатерина во Бугарија многумина ја нарекуваат челичната дама, а за нејзиниот приватен живот се знае многу малце.

Мистериозна челична дама

За неа скоро и да нема детали од приватниот живот бидејќи е толку многу посветена на работата што велат дека нема кога да води приватен живот. Но, таа вешто од јавноста ја крие својата приватност и за сега тоа ѝ успева.

Екатерина Спасова Гечева-Захариева е родена на 8 август 1975 година, а на позицијата министер за надворешни работи на Бугарија е од 2017 година. Претходно Во 2013 година била министер за регионален развој, а од 18 декември 2015 година била министер за правда до 27 јануари 2017 година.

Откако станала адвокат до 2003 година, таа станала и правен советник во Министерството за животна средина и вода. Влегувајќи во политиката во 2009 година, таа станала министер за регионален развој во владата на Росен Плевнелиев. Кога Плевнелиев станал претседател на Бугарија, тој ја избрал за позиција како еден од замениците на премиерите од март до мај во 2013 година. Таа била заменик-премиер во владата на Марин Рајков.

Фото: Фејсбук/ Екатерина Захариева

Захариева е родена во Пазарџик во 1975 година. Дипломирала и магистрирала на Пловдивскиот универзитет по право.

Очи широко затворени и Захариева

Таа во последниот период е популарна, но во негативен контекст во нашите медиуми заради нејзините контроверзни и навредливи изјави кон македонскиот народ.

Една од нив е и онаа кога изјави дека Македонија не може да влезе во Европа и да го демократизира општеството, а во исто време да го слави еден од најмрачните диктатори – Тито. „Ако продолжиме да ги затвораме очите кон фактот дека оваа земја продолжува како што замислиле Тито и Сталин, ние со тоа и вршиме услуга на Москва“, изјави Захариева!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.