Како што беше објавено наводно организаторите на протестот поради загриженоста да не дојде до дестабилизација во регионот решиле да се соберат и едногласно да протестираат пред Француската амбасада.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 октомври, 2019 10:22

Бугарски граѓани протестираа пред француската амбасада за поддршка на Македонија за ЕУ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк Фото: http://news.bnt.bg/

Бугарски граѓани синоќа протестираа пред француската амбасада во Софија против одлуката на Франција да го блокира почетокот на разговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија, пренесува БНР.

Францускиот претседател Емануел Макрон во петокот одби да даде зелено светло на Македонија да започне разговори за пристапување во Европската унија и предводеше група водачи кои блокираа отворање разговори и со Албанија, и покрај загриженоста за кинеското и руското влијание на Балканот.

Како што беше објавено наводно организаторите на протестот поради загриженоста да не дојде до дестабилизација во регионот решиле да се соберат и едногласно да протестираат пред Француската амбасада.

Организаторите изразија загриженост за одложување на европската перспектива за предизвикување политички хаос во Република Северна Македонија и го повикаа Париз да ја преиспита својата позиција за Скопје поради ризикот од дестабилизација на регионот.

Меѓу демонстрантите беше и скулпторот и публицист Андреј Врабчев, кој им предаде изјава на бугарски јазик на француските дипломати во Софија, повикувајќи се на про-европската политика на Франција на Балканот.

„Сакаме обединета и силна Европа и веруваме дека срцето на Балканот, а тоа е Македонија, мора да биде дел од Европа. Границата меѓу Бугарија и Македонија треба да биде европска, т.е. „Таа треба да биде фиктивна“, рече тој.

За потсетување, францускиот претседател Емануел Макрон во четвртокот одби да даде зелено светло на Македонија да започне разговори за пристапување во Европската унија и предводеше група водачи кои блокираа отворање разговори и со Албанија, и покрај загриженоста за кинеското и руското влијание на Балканот, а во петокот кога беше закажан состанокот да продолжи и повторно да се отвори прашањето за проширување на ЕУ, тој си заминал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.