Таквите постапки намерно ги попречуваат напорите за воспоставување пријателство, добрососедство и соработка како водечки принципи во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија (РСМ), соопштија од МНР на Бугарија!

Објавил: admin@magazin | 24 ноември, 2022 6:08

Бугарското МНР го осудува оштетувањето на културниот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за надворешни работи на Бугарија остро го осудува оштетувањето на културниот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид извршено ноќта меѓу 20 и 21 ноември 2022 година.

Таквите постапки намерно ги попречуваат напорите за воспоставување пријателство, добрососедство и соработка како водечки принципи во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија (РСМ), соопштија од МНР на Бугарија!

Според нив, имињата на бугарските клубови не се причина за таа кампања и потенцираат дека „лидерот на најголемата опозициска партија во Скопје веќе отворено повикува на итно затворање на бугарските клубови само затоа што се бугарски, без разлика како се нарекуваат“.

Убедени сме дека Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ќе има навремена и соодветна реакција на она што се случи, се наведува во ставот.

Реакцијата на властите на овој и на другите случаи на криминал од омраза ќе биде показател за сериозноста што Владата во Скопје ја придава на градењето добрососедски односи и на процесот на пристапување во ЕУ, соопштија од МНР на Бугарија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести