Пред седиштето на ИВЗ има засилено полициско обезбедување, а Бузаку постави часовник со кој се одбројуваат 72-та часа, што тој му ги поставува на Сулејман Реџепи.

Објавил: admin@magazin | 1 октомври, 2019 12:51

БУЗАКУ: „Ако Реџепи не ја ослободи ИВЗ за 72 часа, ќе објавиме страшни докази да се чуди Македонија„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Скендер Бузаку денеска му постави ултиматум на поглаварот на Исламската верска заедница реисот Сулејмани Реџепи во рок од 72 часа да си замине во ИВЗ, во спротивно ќе објави докази за криминални активности, кои рече дека се тешки кривични дела.

Бузаку вели дека му дава 72 часа на реисот Сулејмани Реџепи да даде оставка, ако не даде оставка и ако не сака да се повлече од ИВЗ, ќе објави страшни докази и факти за кои ќе се чуди цела Македонија.

Пред седиштето на ИВЗ моментално има засилено полициско обезбедување, а Бузаку постави часовник со кој се одбројуваат 72-та часа.

-Денеска сме пред вратите на ИВЗ узурпирана од Сулејман Реџепи правно од 2011, а од 2019 и реално. Тука сакам да пренесам две куси пораки. Со првата ги повикуваме сите професори, теолози, оџи кои биле протерани од страна на Сулејман Реџепи, во иднина тие ќе бидат вклучени, но и сите други кои се внатре, а кои немаат криминал им даваме збор дека никој нема да загуби работно место, само ќе ги унапредиме и ќе создаваме подобри услови за работа, изјави Бузаку.

-Втората порака е до Сулејман Реџепи да ја ослободи ИВЗ за 72 часа, му даваме 72 часа, ако не даде оставка, ако не сака да се повлече од ИВЗ тогаш ние имаме стрташни докази и факти за кои ќе се чуди цела Македонија, нашата држава, рече Бузаку.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.