Бузаку: Реџепи практично нема право на жалба

Објавил: admin@magazin | 24 април, 2019 12:37

Бузаку: Објектот на ИВЗ е под окупација

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Самопрогласенот поглавар на Исламската верска заедница, Скендер Бузаку, кој е назначен на оваа функција со решение од Судот, во изјава за „Макфакс“ вели дека нема да прави тензии и дека нема со насилство да ја преземе функцијата во ИВЗ туку тоа ќе прави по институционален пат.

Полиција пред Исламската верскка заедница (ИВЗ).

Бузаку вели дека има решение од судот и дека е правосилно и објавено во Службен весник со што, како што рече, Реџепи практично нема право на жалба.

Според Бузаку моментно објектот на ИВЗ е под окупација и рече дека денеска прво ќе побара асистенција од полицијата за да влезе на своето работно место, а истовремено ќе упати барање до Финансиската полиција да изврши проверка во работењето на ИВЗ и да ја утврди фактичката состојба.

Бузаку додава дека ништо не се решава со тензии и дека тој не е тука за да навредува некого туку да шири љубов и да ги сплотува луѓето и да ја извршува мисијата на ИВЗ.

Тој вели дека ИВЗ не смее да се меша политиката затоа што ИВЗ не е политичка партија туку верска заедница.

Управата за финансиска полиција денес добила пријава со барање за финансиска контрола во Исламската верска заедница(ИВЗ). Од Управата демантираат дека веќе направиле увид во ИВЗ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.