Бурни реакции од сите страни, професори, обвинители,политичари, актери... сите во неверување во она што го прикажува снимката.

Објавил: Весна Петровска | 8 август, 2019 17:13

БУРНИ РЕАКЦИИ ЗА СЛУЧАЈОТ РЕКЕТ: Брука! Рускоска на одмор среде голема афера

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Граѓаните во Македонија се уште се во шок од објавените снимки од страна на италјанските медиуми на која се гледа како Бојан Јовановски и Зоран Милески излегуваат од домот на Орце Камчев.

Бурни реакции од сите страни, професори, обвинители,политичари, актери… сите во неверување во она што го прикажува снимката.

Професорот Гордан Калајџиев за Канал 5 ја искоментира оваа снимка и бара да се утврди од каде протече оваа аудио и видео снимка која се поврзува со актуелниот случај „Рекет“.

– Она што се гледа на снимките иако мислам дека има некои парчиња кои што не знам дали се од вистински од тоа, на примемр со парите. Очигледно е тоа дека тој дел е конзистентен со приказната со рекетирањето, практично содржински нема ништо ново. Загрижувачки е што протече многу долг период а не се расплеплетува приказната и тука очигледно целиот случај има политички импликации повеќе отколку правни, од дневна политика, до разузнавачки служби. Тука има многу шпекулации, вистинската приказна не ја знаеме сеуште. – вели универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.

Универзитетскиот професор го коментираше скандалозниот случај „Рекет“

Исто така додава Калајџиев дека е неприфатливо и неодговорнотоа што Рускоска која го води предметот “Рекет”, како и специјалната обвинителка Катица Јанева, за која постојат сомневања дека е инволвирана во скандалот, заминаа на одмор, во време кога целата македонска и меѓународна јавност очекува разврска на слуачјот.

Инаку италјанскиот новинар најави дека утре македонската јавност ќе има можност да види нови докази како што вели новинарот по утрешните детали приказната ќе стане многу појасна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.