И покрај најавите дека Бучковски по 6 години прогон од СДСМ ќе биде вратен во партиските редови, 18 месеци несудениот амбасадор на Македонија во САД чека позитивна одлука

Објавил: Мартин Попоски | 28 октомври, 2018 6:48

Бучковски година и пол чека пред вратите на Бихаќка

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот премиер, поранешен министер и поранешен претседател на СДСМ, Владо Бучковси, по 12 години, сеуште чека да одобрение од партиските ограни на матичната партија за дозвола да се врати назад.

Имено Владо Бучковски по скандалозниот премиерски мандат и кратката кариера на партиски претседател, од СДСМ беше опоменат со вонреден конгрес на кој беше разрешен од функцијата претседател на СДСМ во 2006 година, додека 6 години подоцна поради кршење на Статутот и одредбите беше и исфрлен од партијата.

Бучковски помпезно во 2017 година, пред точно 18 месеци побарал формално враќање во СДСМ.

Но иако за истото позитивно се произнесе со изјава и премиерот Заев, не е извесно кога би можело тоа да се случи.

Тој образложи дека според она што проверил пред неколку недели не била формализирана неговата претставка од Надзорниот одбор.

Јас сум исклучен заради изјаснување односно изнесување во јавноста ставови различни од преовладувачките во тој момент. А, тоа е дека во СДСМ треба да има демократизација од внатре и му треба поинаква стратегија за да го победи ВМРО – ДПМНЕ. – потсети Бучковски.

Бучковски во ова не гледал дека има проблем, и според него веројатно членовите на Надзорниот одбор се преокупирани со другите работи и најверојатно не нашле време да ја разгледаат неговата претставка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.