Верувам дека тоа ќе биде додадена вредност во напорите кои ги прави нашата Влада, да успееме да најдеме решение во духот на европските вредности.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 декември, 2020 9:39

Бучковски ексклузивно за ВОА – Ќе направиме сѐ да најдеме решение со Бугаријa

Фото/Текст извор: ©глас на америка/Магазин.мк

Владо Бучковски, новоименуваниот претставник на Владата за Бугарија, во ексклузивно интервју за Гласот на Америка вели дека може да се најде заеднички јазик.

Глас на Америка: Назначен сте за претставник на Владата на Северна Македонија за Бугарија. Која би била вашата улога?

Владо Бучковски: Јас не сум чудотворец. Од друга страна, нити сум нечиј ас скриен во ракавот, ниту сум пак нечиј џокер. Јас сум Владо Бучковски, поранешниот премиер, кој во изминатите петнаесет години изгради доверба во бугарското општество.

Верувам дека тоа ќе биде додадена вредност во напорите кои ги прави нашата Влада, да успееме да најдеме решение во духот на европските вредности.

Глас на Америка: Кога ќе биде вашата прва средба со бугарските власти?

Владо Бучковски: Бидејќи јас сум специјален претставник на Владата, првата средба ќе ја координираме со Владата. Во секој случај ќе направиме се во пресрет на Советот на министри на ЕУ, на деветти декември, да направиме дополнителни напори, да изнајдеме решение. Но ако не најдеме решение, тоа ќе биде дополнителен мотив за нас, да продолжиме да го градиме пријателството и соработката во духот на европските вредности.

Глас на Америка: Што очекувате од преговорите и разговорите со бугарските власти и што мислите за бугарското вето и барањата на официјална Софија за јазикот и историјата?

Владо Бучковски: Што можеме да кажеме за ветото на бугарската Влада. Ништо повеќе од она што беше кажано во изминатиот период. Ние како вистински пријатели, како одговорни политичари веруваме, дека можеме да најдеме заеднички јазик. Заедничката историја, треба да биде нашиот влог во заедничката иднина.

Глас на Америка: Кои би биле нашите црвени линии?

Владо Бучковски: За нашите црвени линии говореше и претседателот на Владата и министерот за надворешни работи и други членови на Владата. Ние сакаме да влеземе во ЕУ, врз основа на она што е препознатливо за нас Македонците. Тоа е нашиот јазик, културата, нашиот идентитет. И мислам дека нашите пријатели од Софија тоа го разбираат. На крајот би сакал да ви се заблагодарам за можноста која ми ја дадовте вие нашите пријатели од Гласот на Америка, да ги кажам овие првични констатации, по именувањето за специјален претставник на Владата на Република Македонија во Бугарија.

Исклучително ни е важна драги пријатели, поддршката од САД. Тие во изминатите триесет години, на нашата независност беа нашиот стратешки партнер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...