Специјалниот претставник на Владата, поранешниот премиер Владо Бучковски, е убеден дека ќе се надмине спорот со Бугарија, но можеби не толку брзо колку што очекува јавноста.

Објавил: admin@magazin | 3 декември, 2020 7:16

Бучковски: Решение меѓу Скопје и Софија е можно без да се задира во македонскиот идентитет

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Решение меѓу Скопје и Софија е можно без да се задира во македонскиот идентитет, но не во следните 7 дена. Ова е ставот на екс премиерот Владо Бучковски, ден откако беше назначен за специјален претставик за односите со Бугарија.

Специјалниот претставник на Владата, поранешниот премиер Владо Бучковски, е убеден дека ќе се надмине спорот со Бугарија, но можеби не толку брзо колку што очекува јавноста.

Што конкретно ќе преземе во она малку време што е преостанато пред министерскиот совет, не се открива. „Немам џокер во ракавот, но имам искуство“, вели Бучковски, кој е убеден дека неговото искуство и довербата која ја ужива кај официјална Софија ќе бидат пресудни за придвижување на веќе закочениот процес.

Вели и дека нема намера да испраќа пораки преку медиумите, но смета дека треба повеќе да се користат инструментите што ги овозможува Договорот за пријателство. 

Ден по именувањето, специјалниот пратеник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски, имаше средба со шефот на дипломатијата Бујар Османи, но ниту по неа нема детали до каде се преговорите со Софија.

Ниту Бучковски ниту Османи не открија детали околу актуелните разговори со Бугарија, но екс премиерот е убеден дека може да се стигне до решение, кое како што изјави ќе биде во духот на европските вредности и со целосно почитување на нашето достоинство. Но не гарантира дека тоа ке се случи до Европскиот совет на 8 декември кога и дефинитивно ќе се знае дали ќе се отпочнат прегвоорите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика