сабота, 20 април 2024

MK/ EN/ DE



Бујар Османи изјави дека на пописот ќе се попишуваат како жители и Албанците кои не живеат и со години не влегле во Македонија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 март, 2019 16:15

Бујар Османи: На пописот ќе се попишуваат и Албанците кои не живеат и со години не влегле во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бујар Османи, поранешниот Министер за здравство и сегашен Вицепремиер за „Клан Македонија„ изјави дека на пописот кој најверојатно ќе се спроведе наредната година,  ќе се попишуваат како жители и Албанците кои не живеат и со години не влегле во Македонија.

Бујар Османи, Вицепремиер задолжен за европски прашања, висок функционер во ДУИ, еден од наследниците на Али Ахмети, идејниот творец на Северна

-Во основа ги надминавме дилемите кои политичките партии ги имавме во организирање на пописот. Првично се договоривме пописот да се организира во 2020 година, со комбиниран метод што ќе значи не регистрирање на традиционален начин кога податоците ќе се добијат само од граѓаните во своите домови, туку првично ќе се искористат податоците од сите електронски бази на податоци кои ги имаат институциите, дали Министерство за внатрешни работи, Пензискиот фонд, Здравствениот фонд и други институции, рече Османи.

Вицепремиерот за Европски прашања, посочи дека потоа информациите од базите на податоци од сите институции, ќе се проверуваат и дополнуваат на терен, по домовите на граѓаните. Османи посочува дека на пописот во 2011 имало расправии токму поради тоа прашање, односно поради албанците кои не живеат во Македонија. Но сега кога се надминати овие дилеми, верува дека пописот ќе биде успешен.

И ова е тој комбиниран модел што е еден стандарден европски модел. Во 2011, јаболко на кавга, беше регистрирањето на оние кои не живеат овде кај нас. Ако ви текнува тоа време, решението беше, да се регистрираат сите кои барем во последните дванаесет месеци влегле во Македонија. Сега ги надминавме сите овие дилеми. Ќе се регистрира секој државјанин на Северна Македонија, независно дали живее овде или живее во странство, со тоа што доволно ќе биде еден од членовите на неговото семејството, на членот на комисијата, ќе му го приложи матичниот број на лицето кое во моментот не е во Северна Македонија, и тој ќе го провери во електронската база на податоци, и на овој начин ќе се регистрира лицето без разлика дали живее овде или не, истакна вицепремиерот.

Инаку пробниот попис на населението во Македонија ќе биде спроведен во април 2019 година во 32 пописни подрачја, а ќе бидат опфатени четири пописни кругови во осум региони.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.