Османи за ТВ21: Од вечерва албанскиот јазик е службен во Македонија!

Објавил: Едмонд Бекири | 14 јануари, 2019 22:41

Бујар: Среќна Нова Двојазична Северна Македонија!

Фото/Текст извор: ©тв21 / магазин

До вчера пратениците од СДСМ викаа нема двојазичност, дека тоа е само во главите на националистите, а тие што протестираа против тоа, како Дурловски и Дамовски, ги ставија во притвор како терористи. Сега, додека премиерот Заев е на скијање во Германија, поранешниот терорист Талат Џафери противзаконски го објавува законот за Албанскиот јазик во Службен весник.

Се поставува прашањето поради која причина Заев го прифати Бујар Османи во Владата на Македонија. Пред изборите токму Заев тврдеше дека ДУИ се криминална структура. Една од дилемите е пресот на социјалдемократите од февруари 2010 година кога обвинија за криминален тендер од 28 милиони евра, во кој бил вмешан токму нивниот иден министер Османи.

Досега не се случило функционер на ДУИ да биде осуден на затворска казна, па не веруваме дека ни сега некој ќе оди во затвор за незаконско објавување на законот за двојазичност во Службен Весник, без потпис на претседателот на државата.

Вицепремиерот Бујар Османи кој вечерва беше гостин во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 ексклузивно изјави дека Талат Џафери пред 10 минути го потпишал Законот за јазици и очекуваме вечерва или утре да се објави во Службен весник.

Со ова албанскиот јазик станува службен јазик во Македонија. Тоа значи дека, албанскиот јазик ќе се употребува како втор официјален јазик во Македонија изјави Османи, инаку клиент во СЈО.

И Талат Џафери се пофали на неговиот Фејсбук профил: Законот на употреба на јазиците и во службен весник

Нема Тиранска платформа тврдеше Заев, тоа е во умот на Никола Груевски, Платформа ЈОК убедуваше охридскиот хоби глумец и поранешен пратеник Томислав Тунтев во собранието на Република Македонија.

Дел од македонските граѓани поверуваа во овие категорични тврдења на СДСМ, но денес се гледа дека голем број на Македонци се чувствуваат измамени на најподмолен начин со лажни ветувања на власта. Впрочем, сега се гледа дека било виститина дека законот за двојазичност во Македонија бил основниот услов за ДУИ да прифати да даде поддршка за владата да ја направи СДСМ, иако оваа партија не освои најголем број на пратеници на изборите.

Со Преспанскиот договор се измени уставот на Република Македонија, и таа спротивно на народната воља стана Република Северна Македонија, а ќе мора исто така да менуваат и пасошите, изводите од книгата на родените, личните карти, учебниците и сите документи. Исто така МАНУ (Македонската академија на науките и уметностите), МРТВ, Македонската опера и балет и сите државни институции ќе мора да се преименуваат во институции на “Северна Македонија“ (Академија на науките и уметностите на Северна Македонија). Сега, капак на се е и тоа што албанскиот станува државен службен јазик, и во секоја институција, Суд, агенција или подрачна единица, без разлика дали тоа е во Охрид, Скопје или Велес, албанскиот јазик ќе мора еднакво да се применува.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.