Знаат ли во Брисел дека вицепремиерот кој е задолжен за европски прашања е обвинет за злоупотреба на службена должност

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 ноември, 2018 13:43

Бујар Османи „Пациент„ кој според логиката на СЈО би требало да добие две години затвор?

Фото/Текст извор: ©магазин

Бујар Османи, или вицепремиерот како што милуваат да кажат владините функционери а, одговорен за европски прашања, во рамки на својата работна посета на Брисел, остварил и неформален брифинг со претставници на работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан (КОВЕБ).

На состанокот, како што информираа од кабинетот на Османи, тој ги брифирал претставниците на КОВЕБ за актуелната политичка состојба во земјата, оценувајќи ја политичката климата како позитивна за имплементација на предвидените реформи, особено сега, по првата одлука за пристапување кон промени на Уставот согласно договорот од Преспа, со што се откочи и работата на Собранието.

„Како Влада и како држава внимателно работиме на исполнување на сите забелешки и препораки содржани во Извештајот на Европската Комисија, особено оние кои реферираат и на заклучоците од јунските самити на Советот на ЕУ, со што ќе изградиме солидно портфолио кое ќе обезбеди конфирмација на одлуката од страна на Советот следниот јуни и почеток на преговорите“, истакна Османи, посочувајќи притоа на напредокот и во имплементација на уставните измени, и на реформите од Планот 18.

 

Бујар Османи осомничен во истрата „ПАЦИЕНТ„ на Спеџијалното Јавно Обвинителство

Османи за време на средбата посочи дека очекува навреме да бидат адресирани сите клучни области, имајќи го предвид фактот дека темпото на имплементација на реформите се засили по откочувањето на Собранието со првото зелено светло за уставните измени.

Османи е во работна посета на Брисел, каде покрај брифингот со претставниците на КОВЕБ, ќе оствари и работна средба со Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

Иако точно пред еден месец беше покренато обвинението против Бујар Османи засега не му се ниша вицепремиерската фотелја , иако СЈО денеска отвори истрага под кодно име „Пациент“, во која тој со уште 14 лица како министер за здравство во Владата на Никола Груевски е осомничен дека преку јавни набавки го оштетил Буџетот за 500.000 евра,

– За Бујар Османи СЈО отвори истрага и не станува збор за пресуда. Никој не е виновен додека не му се докаже вина со правосилна судска пресуда

Албанските политичари од Македонија се познати по барањето на право по системот 101 право, но не и по покажување на демократија и одговорност, бидејќи   не е демократски  да си обвинет за Криминал од 500 илјади Евра а тебе мува да не те лази и да се правиш како ништо да не било. Ова значи дека Османи и натаму ќе се шета со тимот кој ќе ги води преговорите на земјава за членство во ЕУ. Османи воедно е и еден од предлагачите на уставните измени кои денеска и официјално влегоа во собраниска процедура.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика