Вакцинацијата на граѓаните ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација.

Објавил: Владо Марин | 6 јули, 2021 16:40

Од 12 јули ќе може да се вакцинира секој граѓанин

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од 12 јули ќе може да се вакцинира секој граѓанин, без разлика дали е пријавен или не се пријавил преку веб страната www.vakcinacija.mk.

Вакцинацијата на граѓаните ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација.

Секој кој сака да се вакцинира истото ќе може да го направи без закажан термин, а паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk.

Во последните 24 часа се направени 2.760 тестирање, а регистрирани се 4 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје и Тетово – по 2.

Вчера беа регистрирани се 6 оздравени пациенти од: Велес и Кичево – по 2, Битола и Свети Николе – по 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Направени се 2.760 тестови преку: ИЈЗ-56, ЦЈЗ Скопје-52, ЦЈЗ Битола-59, ЦЈЗ Прилеп-9, ЦЈЗ Тетово–11, ЦЈЗ Куманово–27, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-3, Институт за микробиологија–22, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-47, Авицена-217, Биотек-127, Систина-52, лабораторија Лаор-269, Синлаб-1, Ремедика-0, Плодност–54, Генеа–9, Никоб лаб-500, ВФВ Медикал-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1232.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...