Во предметот обвиниети се поранешниот спикер Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски.

Според обвинението, тие се осомничени за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Објавил: Владо Марин | 25 јуни, 2021 12:47

На 1 јули завршни зборови за настаните од 27 април

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од Основниот кривичен суд Скопје соопштија дека завршните зборови за за предметот поврзан со настаните од 27 април ќе се одржат на 1 јули.

Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека главната расправа за предметот со КОК бр. 2/20 поврзан со настаните од 27 април во Собранието на РСМ, на која е предвидено да бидат дадени завршните зборови, по претходна согласност на странките ќе се одржи на 01.07.2021 година во 10:00 часотсе наведува во соопштението од Судот.

Во предметот обвиниети се поранешниот спикер Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски.

Според обвинението, тие се осомничени за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести