Ова не важи доколку патувате до некоја друга дестинација преку Турција и при тој трансфер не ја напуштат аеродромската зграда.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 декември, 2020 22:28

ВАЖНА ВЕСТ: Од понеделник во Турција се воведува задолжителен негативен ПЦР тест

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од понеделник Турција воведува задолжителен ПЦР тест за сите странски државјани кои ќе престојуваат на нејзина територија!

Сите патници кои пристигнуваат авионски од 28 декември или од 30 декември преку воздушен пат, копнен и море ќе треба да покажат негативен тест за PCR не постар од 72 часа.

Ова не важи доколку патувате до некоја друга дестинација преку Турција и при тој трансфер не ја напуштат аеродромската зграда.

Исто така Владата на САД ќе побара од сите патници што доаѓаат од Велика Британија да покажат негативен ПЦР-тест во претходните два часа од моментот кога се качиле на авионот поради загриженост за новиот многу заразен вид коронавирус.

Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) денес објавија дека патниците од Велика Британија мора да бидат негативни ако сакаат да влезат во САД, објави „Ројтерс“!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.