Ваквата одлука беше донесена бидејќи на овие места се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, ќе има посебен режим за побезбедно и непречено одвивање.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 јуни, 2019 20:17

ВАЖНА ВЕСТ: Посебен сообраќаен режим по повод Задушница

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од МВР информираат дека по повод верскиот празник Задушница, кој е утре и за време на викендот во периодот од 6 до 16 часот во реоните на гробиштата во Бутел, во Камник и во Ѓорче Петров ќе има посебен сообраќаен режим.

Ваквата одлука беше донесена бидејќи на овие места се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, ќе има посебен режим за побезбедно и непречено одвивање.

-Сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се упатуваат по улица „Александар Урдаревски” во продолжение по локален пат за село Мирковци до влезот за гробиштата на ул.„Боца Иванова” и излегување на улицата „Александар Урдаревски”. По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по улицата Црногорска, а на гробишта Камник по Јужноморавски Бригади“ и улица Роман Каскалиевиќ, информираат од МВР.

Од МВР апелираат до сите граѓани да ги почитуваат наредбите и насоките на полицајците, како и сообраќајната регулатива.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.