Неколку десетици демонстранти беа приведени за кршење на мерките, а на снимките може да се види како тоа изгледаше.

Објавил: Перо Милчин | 19 април, 2020 20:31

ВАКА АПСИ ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА: Непослушни граѓани добија ЛАДЕН ТУШ (видео)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Германската полиција во Берлин уапси неколку десетици демонстранти кои кренаа глас среде пандемијата на коронавирус против социјална дистанца и полициски час.

Граѓаните излегоа на улиците во знак на протест против мерките што ги воведоа против вирусот „Ковид-19“.

Неколку десетици демонстранти беа приведени за кршење на мерките, а на снимките може да се види како тоа изгледаше.

Најновите податоци покажуваат дека КОВИД 19 на Стариот континент зеде 101.676 жртви. Најмногу жртви денеска пријави Велика Британија, 596, следуваат Италија со 433, и Шпанија со 410 починати.

Како последица од инфекцијата од коронавирусот во последното деноноќие во Италија починале 433 лица, што е најнизок број во последните седум дена, додека бројот на новозаразените падна од 3.491 ден претходно на 3.047 лица, соопшти Агенцијата за цивилна заштита во неделата на редовната вечерна прес-конференција.

Во саботата беа пријавени 482 смртни случаи, додека во петокот починаа 575 пациенти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.