„37 години заедно, 40 години во брак…некогаш и сега“ напиша радио водителката.

Објавил: admin@magazin | 2 март, 2020 20:46

Ова е убавата сопруга на Драган Вучиќ: Прославија 40 години заедно- Весна сподели емотивна фотографија(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот македонски водител и пејач, Драган Вучиќ и неговата сопруга Весна поминаа 40 години заедно, а 37 години се во среќен брак.

По тој повод, сопругата на Вучиќ сподели фотографија од некогаш и сега на својот „Фејсбук“ , а во описот напиша:

„37 години заедно, 40 години во брак…некогаш и сега“ напиша радио водителката.

Познатиот македонски водител и пејач, Драган Вучиќ и неговата сопруга Весна поминаа 40 години заедно, а 37 години се во среќен брак.

Драган и Весна го имаат синот Мартин Вучиќ кој во јуни претходната година се ожени со партнерката Сања.

Мартин, кој во 2008 година се повлече од поп-естрадата е еден од најуспешните наши музичари на ударни инструменти.

На јавна сцена, тој може да се види на концертите на Македонската филхармонија каде што работи. Пред седум години, тој одржа успешен концерт во Универзалната сала наречен „Песни за душа“, каде што изведе повеќе традиционални македонски песни. Дел од нив, тој му ги посвети на својот дедо од страна на мајка му, легендарниот музичар на народни инструменти, Пеце Атанасовски.

Мартин никогаш не зборувал за својот приватен живот.
Во 2005 година, ја претставуваше Македонија на Евросонг со песната „Make My Day“ во Киев, Украина, и успеа да обезбеди влез во финалето. Додека беше активен на поп-сцената, тој добиваше многу фестивалски награди во Македонија и во регионот. Најпознат негов хит е „Рано е да се врзам“, а една од најдрагите и најубави песни на Мартин е баладата „Муза“, која за него ја напиша Тоше Проески.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.