Дали Законот за јазиците и ЕУ интеграциите ќе им помогнат на македонските граѓани со албанско етничко потекло да не продаваат овошје на "сред" автопат

Објавил: Мартин Попоски | 28 септември, 2018 12:23

Вака ли ДУИ се “грижи” за правата на албанската етничка заедница?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Ве предреферендумскиот молк, вест од безбедноста во сообраќајот која самата по себе влечи политичко прашање.

На излезот од Скопје, на делницата од автопатот Скопје – Тетово, каде вчера регистриравме тешка сообраќајна несреќа, во која немаше прописно обележан пристап за возилата кои минуваа, сега екипата на магазин.мк го забележа овој момент.

На крајот од лентата, наменета за итно запирање, паркирање, интервенции, поставен мини “штанд” за продажба на јаболка.

Дефинитивно сцена која нема да ја видите ни на добар дел од патиштата од најниска категорија во Македонија.

Не е јасно каде е сообраќајната полиција која е задолжена за одржување и контрола на безбедноста по патиштата во Македонија? Ова сепак е пат од прва категорија за кој граѓаните уредно плаќаат патарина.

Во земјите од ЕУ и добар дел од светот дозволена брзина на автопат од ваков калибар е 130 километри на час. Кој ќе ја сноси одговорноста ако се случи инцидент?

Можеби ДУИ по 18 години на политичката сцена и 16 години на власт треба повеќе да се грижи за својот електорат во Македонија кој очигледно се обидува да поврзи крај со крај а не да промовира националистички вредности од видот на Законот за употреба на јазиците но и толку извиканите ЕУ интеграции.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...