Многу негативни коментари беа упатени до Тамара. Граѓаните и покрај што таа се извини велејќи дека од еуфоријата која ја чувствувала ги заборавила стиховите, граѓаните не мислат така. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 јули, 2019 1:32

Вака се пее химната на Република Македонија: Игор Дурловски ќе ве наежи со неговата изведба

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јавноста бурно реагираше по скандалот со изведувањето на македонската химна на денот на независноста на САД од страна на пејачката Тамара Тодевска која намерно или не, од химната ги изостави стиховите во кои се споменуваат имињата на македонските револуционери Годе Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански. 

Магичната интерпретација на музиката на Дурловски е забележлива уште од неговото деби во 1999 година. Од тогаш тој станува миленик на својата матична публика во Македонија, која безрезервно го наградува гласот кој со големина и карактер го изведува белканто репертоарот на Гаетано Доницети, Винченцо Белини, Џоакино Росини, лириката и драматиката на Џакомо Пучини, како и херојските улоги од рускиот и францускиот репертоар.

Многу негативни коментари беа упатени до Тамара. Граѓаните и покрај што таа се извини велејќи дека од еуфоријата која ја чувствувала ги заборавила стиховите, граѓаните не мислат така. 

По низата лоши коментари за скандалот се огласија и многу познати личности меѓу кој и маестро Игор Дурловски.

Тој на својот Фејсбук профил ја спорели химната во негова изведба а во описот на видеото напиша:

Мојата идеја била и ќе биде – љубов! Ви ја давам од душа на сите, споделете ја и чувајте ја. Да си вечна Македонијо!

Во продолжение уживајте во Македонската химна во изведба на Дурловски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.