Лекарот е познат во светски размери како експерт за интензивна нега на пациенти со срцеви заболувања, кој се на респираторна поддршка.

Објавил: Перо Милчин | 22 април, 2020 20:49

ВАКА СЕ САКА МАКЕДОНИЈА: Доктор од Охрид кој работи во Словенија, се врати во својата земја да помогне на својот народ!

Фото/Текст извор: ©OhridSky.com.

Познат европски Интервентен кардиолог, доктор на медицински науки за интервентна кардиологија (CIT), доаѓа доброволно во Инфективната клиника во Скопје, да помогне на својот народ, пишува OhridSky.com.

Според информациите на Магазин се работи за докторот Игор Балевски кој е инаку брат на актуелниот директор на Општата болница во Охрид, Горан Балевски!

Докторот работи како шеф на клиниката во Марибор во Центар за интензивна и интервентна кардиологија, сам доброволно побарал од словенските и македонските здравствени власти, да дојде во Македонија и да помогне на својот народ во борбата со Корона вирусот.

Досега во земјава се направени 13.000 тестирања и ова е бројка која не сместува во земјите во регионот со најголем број на тестирани.

Лекарот е познат во светски размери како експерт за интензивна нега на пациенти со срцеви заболувања, кој се на респираторна поддршка, со што Клиниката за Инфективни и фербилни состојби во Скопје, каде се лекуваат најтешките пациенти, ќе добие и врвен експерт од областа на интензивна и интервентна кардиологија, со што во голема мера ќе се допринесе во лекувањето на пациенти од Корона вирус, која болест ги има зафатено и срцевиот мускул.

Директорот на Општата Болница во Охрид, Д.р Горан Балевски Специјалист хирург-уролог(лево) и неговиот брат и хуманист, Др. Игор Балевски кој работи како шеф на клиниката во Марибор во Центар за интензивна и интервентна кардиологија(десно)!

Вкупната бројка на заразени во Македонија изнесува 1259. Досега во земјава се направени 13.000 тестирања и ова е бројка која не сместува во земјите во регионот со најголем број на тестирани.

На клиниката за инфективни болести изминативе 27 часа примерни се 7 нови пациенти.

Хоспитализирани се вкупно 63 лица, 21 се со кислородна поддршка, четворица на механичка вентилација, има сосем доволни респираторни машини.

Во болницата „8.септември“ примени се 7 нови, вкупно на респираторни машини се 4 ца пациенти, објави денеска министерот Венко Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...