- Благодарам на Кина, тие се одлични пријатели, вели Ѓоковиќ.

Објавил: admin@magazin | 27 март, 2020 12:55

ВАКА СЕ САКА ТАТКОВИНАТА: Ѓоковиќ од свој ЏЕБ донира МИЛИОН ЕВРА за СРБИЈА против корона вирусот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ разговараше со српските новинари преку конференциски повик и најави дека и дава на Србија еден милион евра за респиратори и медицинска опрема за борба против коронавирусот.

-Нашата донација е еден милион евра за респиратори и медицинска опрема! Наидовме на респиратори на кинескиот пазар. Татко ми и мојата мајка имаат пријатели во Европа во Германија, пронајдовме респиратори – рече Ѓоковиќ.

Првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ најави дека и дава на Србија еден милион евра за респиратори и медицинска опрема за борба против коронавирусот.

Ноле им испрати порака на сите Срби за тоа како да се справат со ова тешко време.

– Луѓето се исплашени, многу луѓе се заразени. Обидете се да поминете време со позитивен дух, да градите имунитет, затоа што така градиме одбранбен механизам против натрапниците – рече Ноле преку видео порака.

Тој им се заблагодари на Кинезите за нивната помош.

– Благодарам на Кина, тие се одлични пријатели. Им благодарам од дното на срцето на целиот кинески народ.

– Ова е вонредна состојба и секако дека секој од нас се обидува да помогне на нашата земја и луѓето. Како што беше случај со поплавите, нашата фондација ќе отвори посебна сметка. Така, луѓето од странство ќе можат да помогнат затоа што веруваат во фондацијата.

-Моето семејство, јас, Јелена и фондацијата решивме да собереме што е можно повеќе информации за најдобро да се донира пари, време и знаење што ќе можат да и помогнат на цела Европа и Србија – рече првиот светски тенисер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.