Албанското малцинство во Македонија бара нешто , што го нема во ниеден случај во Европа, еднаш да стои „Државјанство„ а еднаш „Националност„ што е исто, и нема ниту еден пример во СВЕТОТ.

Објавил: Перо Милчин | 13 јануари, 2019 11:00

Вака ќе изгледаат личните карти на албанците

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

На Фејсбук страната на Движењето Беса, објавена е „фотошоп“ слика како би изгледала во иднина личната карта на Албанците во „Северна Рeпублика Македонија“ .

Пред два дена беше усвоен и прогласен Уставниот закон за спроведување на амандманите и Македонија согласно договореното ќе се преименува во Република Северна Македонија, а државјанството останува македонско/државјанин на Република Северна Македонија.

Исто така тука е прифатен амандман на Уставниот закон, на Беса со кој се појаснува како ќе гласи за граѓаните Албанци на албански јазик и ќе се утврди во сите закони каде што е тоа потребно.

Еден од нивните услови беше промената на личните карти која би можела да изгледа вака.

На Фејсбук страницата од Албанската партија Беса вчера објавена е фотографија, како би изгледала во иднина личната карта на Албанците на Северна Република Македонија.

1.Во личните карти ќе има графа на етничка, албанска припадност.

2. Албанската дијаспора од Македонија ја воведовме во уставот.

3. Ние не го затворивме поглавјето за правата на Албанците.

4. Движење Беса ја запечати иднината на Северна Македонија во НАТО.

5.Загарантирано државјанство на албанците

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести