За време на новогодишната ноќ времето ќе биде умерено облачно со услови за слаб локален дожд и снег на повисоките места и на планините, особено на запад.

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 декември, 2020 10:20

Вакво време не очекува за НОВОГОДИШНАТА НОЌ – ДЕТАЛИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, подолги во источните предели. Во западните предели пак ќе има услови за повремен локален дожд и снег на повисоките планини.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од јужен правец. Ќе има услови и за повремен слаб дожд додека максималната дневна температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Потоа во следните неколку денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за повремен слаб дожд, особено во западните предели, додека на повисоките планини ќе провејува слаб снег. Повеќе врнежи и во поголем дел од државава ќе има во текот на утрешната ноќ и во четврток особено претпладне. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.

За време на новогодишната ноќ времето ќе биде умерено облачно со услови за слаб локален дожд и снег на повисоките места и на планините, особено на запад.

Температурите на воздухот ќе се движат во интервалот од -2 до 5 степени, додека на првиот ден од новата 2021 година ќе имаме претежно стабилно и суво време со подолги сончеви периоди и со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...