Ефтов во својот статус потсетува дека токму министерот Никола Димитроп го потпиша договорот од Преспа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 август, 2019 14:50

Васко Ефтов со шокантни тврдења: Заев и Мицкоски соработувале за промена на името се договарале за изборите и „Рекет“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новинарот Васко Ефтов, кој ја уредува емисијата Во Центар, на својот Фејсбук профил објави интересна анализа за актуелните случувања во државата.

-Пред една недела имаше Фејсбук статус на министерот за Надворешни работи Никола Димитров! Во СДСМ имаше безмалку стопроцентен молк околу ставовите на Димитров. Во ВМРО-ДПМНЕ имаше многу поголема бура. На таа тема имаше прес-конференција на член од Извршниот Комитет на партијата и човек од голема доверба на Христијан Мицкоски. Неколку „тешкаши“ од „УДБА групацијата“ на Гордана Силјановска го нападнаа Димитров. Еден портал под контрола на потпретседателот на партијата, Александар Николовски ја постави дилемата дали Никола Димитров се подготвува да биде технички премиер?!,

Ефтов во својот статус потсетува дека токму министерот Никола Димитроп го потпиша договорот од Преспа.

За еден фејсбук статус многу бура, посебно кога сите очекуваме да биде апсена Катица Јанева! Што мака ги натера на такви реакции? За мене Никола Димитров е човекот кој ја потпиша срамната капитулација за смена на името во Преспа. И не може да биде ништо друго освен тоа. Но, во што се разликува Димитров од раководствата на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ во врска со името? Со ништо! Потенцирам во НИШТО! СДСМ со правење а ВМРО-ДПМНЕ со рентирање пратеници го сменија името на државата и ја изгазија референдумската волја на граѓаните од 30 септември.Никола Димитров беше од таа Лондон групација во кабинетот на Борис Трајковски, заедно со Стево Пендаровски и еден сегашен новинар кој не е сега битен во анализата. Тоа е периодот кога Лондон, Длабоката Држава од Вашингтон и Холандија заеднички делуваат во Македонија. Го договараат Арачиново и Рамковниот договор.Таа група и сега делува и очигледно Димитров и помалку Стево Пендаровски се се уште нивните играчи во Македонија. Затоа СДСМ, а многу, многу повеќе ВМРО-ДПМНЕ имаат страв од Никола Димитров. Затоа „идеологот“ во ВМРО-ДПМНЕ преку своите медиуми и портали сакаше да го исфрли од игра Димитров со објавување на тајни депеши од Виликликс дека Димитров бил заштитен соработник на ЦИА. Дури во дуелот со Димитров на Телма, вториот човек во партијата, Александар Николоски ја отвори таа тема за депишите од Викиликс. На што следуваше прашање на Димитров каде беше Николоски на 27 април 2017 година. Дури на третото поставување на тоа прашање Николоски призна дека на 27-ми април 2017 година тој бил заедно со Груевски во Виена.

Фејсбук статус на Васко Ефтов

Ефтов пишува дека во идната сезона на Во Центар ќе открива шокантни детали за случувањата на 27 април или „крвавиот четврток“. Тој споменува и дека додека на сите анкети за кандидат за претседател водеше Никола Димитров, сепак СДСМ се одлучија за Стево Пендаровки, бидејќи како што вели ако Димитров беше кандидат од владеачката партија, тој во првиот круг ќе ја победеше Силјановска со над 60 илјади гласови.

Внимавајте (ова е многу битен факт за идните разврски во ВМРО-ДПМНЕ) на 27 април 2017 година кога се случува „крвавиот четврток“ во парламентот и нелегалниот избор на Талат Џафери, Александар Николоски бил заедно со Груевски во Виена! Тоа е важен факт да ми верувате иако потоа помина апсолутно незабележано во медиумите и во јавноста.На сите анкети за овогодинешните претседателски избори убедливо водеше Никола Димитров. Димитров водеше и на анкетите кои човекот од најголема доверба на Александар Вучиќ ги прави за потребите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е таа т.н. Француска врска. Мала дигресија: Многу е чудно што драматизацијата на политичката ситуација во Македонија се случува по обвинувањата од Белград и од Александар Вучиќ дека Зоран Заев и Скопје се центрите за рушење на Вучиќ и неговата власт во Белград. И сега доаѓаме до суштината. Зошто Зоран Заев не го кандидираше Никола Димитров за претседател на РМ? Има две причини.Едната помалку битна е дека Стево Пендаровски беше кандидиран за да се спречи привразаниците на Бранко Црвенковски да гласаат за Гордана Силјановска. И Втората која е многу поважна: Димитров не беше кандидиран за да се спасат политичките кариери на Зоран Заев и Христијан Мицкоски.Ако Никола Димитров беше кандидат на СДСМ за претседател на РМ тој убедливо уште во првиот круг ќе ја прегазеше Гордана Силјановска со разлика поголема од 60 илјади гласови. Со таква разлика членството на ВМРО-ДПМНЕ ќе беше демотивирано да гласа во вториот круг и поразот на Силјановска ќе беше поголем од сто илјади гласови разлика. Но ќе немаше цензус. Тоа ќе значеше две работи.

Ефтов истакна дека тоа би било крај за Заев, па поради тоа тој и Мицкоски се договориле ВМРО-ДПМНЕ да даде колку што треба пратенички гласови.

Заев после неуспешен референдум за името ќе имаше и неуспешни претседателски избори и тоа ќе значеше негово заминување во политичка пензија. Со таков тежок пораз на Силјановска на Мицкоски ќе му беше свикан Конгрес и негова смена од лидерската позиција.

Затоа е направен договор меѓу „струмичкиот газда“ (Заев) и струмичкиот зет (Мицкоски) ВМРО-ДПМНЕ да даде колку што треба пратенички гласови и да не го попречува менувањето на името во Парламентот. За возврат Заев да не организира предвремени избори заедно со претседателските или да нема убедлива победа на кандидатот на СДСМ во првиот круг на претседателските избори што ќе значеше политичко пензионирање на Мицкоски.

Затоа сега беа такви реакциите во однос на Никола Димитров. Заев и Мицкоски имаат договор. Тој договор го видовме за претседателските избори, го видовме за името, ќе го видиме за рекет и полека но сигурно на сите ќе ви биде јасно што ни се случи, ни се случува и ќе ни се случува во иднина. Оваа анализа ќе има свое продолжување во една од првите емизии Во Центар во новата сезона. Се гледаме

Фејсбук статус на Васко Ефтов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести