Реално би било тоа да се случи во првите месеци од 2021 година, вели за „Фокус“, Проф. д-р Александра Грозданова од Фармацевтскиот факултет, УКИМ која е Претседател на Комитетот за имунизација.

Објавил: Перо Милчин | 23 ноември, 2020 15:04

Вакцината против Ковид во Македонија ќе стигне првите месеци од 2021, прво ќе се вакцинира 20 отсто од населението

Фото/Текст извор: ©фокус/Магазин.мк

Македонија ќе ја добие онаа вакцина која прва ќе биде регистрирана и одобрена преку Ковакс механизмот за глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини.

Реално би било тоа да се случи во првите месеци од 2021 година, вели за „Фокус“, Проф. д-р Александра Грозданова од Фармацевтскиот факултет, УКИМ која е Претседател на Комитетот за имунизација.

И покрај сите отворени и неодговорени прашања за вакцините, Европската комисија веќе резервира 300 милиони дози за граѓаните, земји членки на Европската унија и 100 милиони дози за другите земји од Европа кои не се членки.

-Договорот со Ковакс механизмот кој Република Северна Македонија го потпиша предвидува вкупна количина од 800.000 вакцини, односно по две дози од вакцината за вкупно 400 илјади луѓе. Во првите 20 проценти се предвидува вакцинирање најпрво на ризичните групи како здравствените работници, хронично болните и постарата популација. Потоа секако се планира набавка на дополнителни количини на вакцини и за останата популација, вели Грозданова.

Таа предупредува дека она со што ќе се соочат земјите од светот се логистичките предизивици при достапноста на оваа вакцина имајќи предвид дека до крајот на 2021 година предвидено е дека ќе бидат потребени повеќе од 2 милијарди дози од оваа вакцина што создава огромен финансиски притисок, но и огромен предизвик во однос на производството дистрибуцијата и складирањето.

Дел од овие вакцини бараат и посебни услови на дистрибуција, дел од нив се развиват како вакцини кои треба да се чуваат на минус 80 степени, а дополнителен предизвик е достапноста и апликацијата.

Повеќе на овој ЛИНК

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...