Дали има судир меѓу ДУИ и СДСМ за слабата излезност на изборите ?

Објавил: Узунов Бобан | 24 април, 2019 9:13

Ване Цветанов за ДУИ: Нека се спремаат за Шутка и Идризово

Фото/Текст извор: ©магазин

Ване Цветанов, коалициониот партнер на СДСМ кој важи за голем поддржувач на Заев ги обвини ДУИ за саботажа на изборите и ги праќа во Идризово или Будимпешта. 

Ване Цветанов важи за близок човек на премиерот Зоран Заев и преку фејсбук статус ги обвини ДУИ дека го извадиле своето гласачко тело за победа во Дебар, а не успеале да обезбедат поддршка за Стево и им порача да се спремаат за Моска, Идризово, Шутка или Будимпешта. 

Дали преку Ване Цветанов говорат Зоран Заев и СДСМ и ваквите пораки имаат за цел да ги предупредат ДУИ за поголема активност пред вториот круг на 5 мај ? 

Очигледно ДУИ се подготвени да извадат “гласачко тело” сами за себе, па во Дебар победија во прв круг.

А за “договорената” подршката за Стево, ДУИ киксираа и саботираа. ИЗЛАЖАА!!! Можеби ДУИ се обидоа и за најдолна гнасна Грујовска игра против Заев а со тоа да “одиграат за Грујо”…
Не знаеме и не сме сигурни во ДУИ? 
После вечерва ДА !!!

Ленинистите од ДУИ нека се спремаат за:
1. Будимпешта
2. Москва
3. Шутка и Идризово
4. ОПОЗИЦИЈА.

А за НАЈГОЛЕМИОТ ЧОВЕК, НАШИОТ МОДЕРЕН ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ! ЗА ЧОВЕКОТ СО НАЈГОЛЕМО СРЦЕ! Препорачувам од срце, ама искрено од срце, бидејки го сакам, нека нарача една анкета со едно прашање:
– Кои се ” најомразени и најнепосакувани функционери од власта” ???
А потоа? Сам си знае, ВЕРУВАЈТЕ…
….
Потоа…

Ние до крај му веруваме на ЛИДЕРОТ!

ПРЕТСЕДАТЕЛЕ НАШ, ТИ НЕ ОСЛОБОДИ ОД РОБСТВО ОД РЕЖИМ! И НЕ ГО ЗАБОРАВАМЕ ТОА!

ТИ НЕ ОСЛОБОДИ ОД РЕЖИМ! 
И ЗА ТОА СМЕ СО ТЕБЕ ДО КРАЈ!!!!

ТИ СИ НАШИОТ ЛИДЕР, ТЕ СЛЕДИМЕ И ПОДРЖУВАМЕ ДО КРААААААААЈ!

ДА ЖИВЕЕ НАШАТА МАКЕДОНИЈА! 

(фејсбук статус на Ване Цветанов)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести