Редефинирањето на Македонија е долг процес кој трае најмалку од 2001 година.

Објавил: Перо Милчин | 11 јануари, 2019 11:33

Ванковска: “Денешниот ден може да биде “ЦРН ПЕТОК”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

“Касами и Сеља никогаш не криеле какви се нивните политички визии и барања, но сега се плашам дека е ова драмолетка со која сакаат да не’ доведат во уверување дека Заев ја брани македонштината (заедно со Бетка и компанија)” објави на Фејсбук професорката Билјана Ванковска.

Никој не е повеќе крив за ова што ни се случува од нас самите, ама и од оние кои пораснаа по 1990-та транзициските генерации, напиша на својот Фејсбук профил професорката Ванковска.

Они као нападају, а ови као бране. Албанските лидери никогаш не смееле ни да кивнат без дозвола од Калето, а таму Преспанскиот е апсолутен приоритет. Послушноста веќе безброј пати ја докажаа сите македонски политички партии во парламентот, вклучувајќи го и ДПМНЕ. Но, кога ќе помине промената на уставот, со креативно толкување (особено на новата премабула) ќе се премине кон кантонизација и постепена федерализација на државата – за што нема да ни бидат криви ни Грците ни Бугарите.

Мислам дека имаат 2/3 мнозинство, само не’ држат во тезија за да на крајот дури и си речеме: уф, добро е, можеше полошо да биде! Инаку, ова тегавење мене повеќе ме асоцира на вицот со кокошката која бегала за да не речат дека е „лесна“.

Инаку, редефинирањето на Македонија е долг процес кој трае најмалку од 2001 година. Македонија (Македонците) остануваат како во некаков чуден историски конундрум, во сендвич меѓу старите балкански национализми. Но, чинам, никогаш ситуацијата не била потешка и побезизлезна. Македонскиот народ успеа да го изгуби она што го има стекнувано и градено во неверојатно кус период, поради коцкарот кој го ставија на власт однадвор (пошто нема династија која би се нафатила, а и не сме баш некоја премија, избраа еден од Муртино, кој верува дека е црпнат и со божја мисија). Од готово – вересија! И да се разбереме: никој не е повеќе крив за ова што ни се случува од нас самите, од нас постарите генерации, ама и од оние кои пораснаа по 1990-та (транзициските генерации).

Денешниот ден ги има сите шанси да остане запомнет како Црниот петок.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...