Замислете, државата ја плаќа (поткупува/потплаќа/натплаќа) за да си ја врши работата, т.е. да не открива што слушнала во „бомбите“!!???

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 ноември, 2019 11:36

ВАНКОВСКА: Јанева кутра мајка не е толку специјална, колку што државата ни е со специјални потреби

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јанева беше само персонализација на општиот гнилеж и распад на институциите – се’ додека не ја претворија во кутра самохрана и невработена мајка, пишува на социјалните мрежи професорката Биљана Ванковска.

Ова ни во најдобрата политичка сатира не би можело да се измисли, а вистина е:

„Најголем дел од дополнителните 157.000 евра Јанева ги добивала како додаток за доверливост – да не открива што чула во „бомбите“, а земала и надоместоци за кирија и за тоа што работела вон градот во кој живее.“

Замислете, државата ја плаќа (поткупува/потплаќа/натплаќа) за да си ја врши работата, т.е. да не открива што слушнала во „бомбите“!!??? Тоа е како мене да ме плаќаат со илјадници евра за да држам предавања и испити – надвор од платата (која ми е 700 евра, т.е. најмалку пет пати пониска од таа на Кејти)!
Веќе одамна кажав дека Јанева не е толку специјална, колку што државата ни е со посебни/специјални потреби.

Таа беше само персонализација на општиот гнилеж и распад на институциите – се’ додека не ја претворија во кутра самохрана и невработена мајка.

Овде сите глумат лудило, а главен поткупувач и најкорумпиран актер е токму државата – таа која ни потфрла преку астрономски буџет трошки за да гласаме за неа и која вака купува „доверливост“.

Ова е Потемкинова Македонија 🙁 Не можеме да ја исплачеме колку е за жалење што нам ни се паднала, пишува Ванковска.

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева завчера беше пуштена во куќен притвор. Обвинителката Вилма Русковска лута на одлуката најавува истрага против судиите во Апелација.

Катица Јанева за првпат од 21 август годинава ќе ја помине во домашна атмосфера откако Апелацискиот суд и ја укина мерката притвор и ја испрати во домашен притвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...