Како и минатата година вардарки имаа напад за победа во регуларниот тек и пак беа брзоплети и не упатија удар кон унгарскиот гол.
Во продолженијата од финалето на Лигата на шампионите беа надиграни од Ѓер, а кога им се укажа шанса за реми и седмерци, Киш се испречи и одбрани зицер.

Објавил: admin@magazin | 13 мај, 2018 21:40

Вардарки потонаа во тага, историјата пак се повтори

Фото/Текст извор: ©

Тагата загосподари меѓу ракометарките на Дибирова и потиштени низ солзи и болни гримаси ја напуштија „Ласло Пап Арена“ за да се подготват за церемонијата на прогласување на најдобрите.

Ирина Дибироаа не успеа да влезе во ракометната историја како прва жена, што освоила трофеј во Лигата на шампионите и како играч и како тренер. Русинката жали за пропуштената шанса, но вели дека е горда на сите ракометарки.

На вардарки ќе им треба уште многу време да ја заборават последната акција, во која Чанаџија можеше да им донесе ново продолжение, но сепак шансата беше пропуштена и сите ќе ја завршат вардаровата епизода без трофеј.

„Имавме шанса, но немавме среќа. Се боревме максимално, беше тежок натпревар, но за жал не успеавме. Јас сум горда на сите мои соиграчи, работевме напорно цела сезона, но некогаш мора да имаш среќа. Жалам што со Вардар нема да имам нова шанса да ја освојам европската титула. Лесно му беше на Ѓер кога играше пред своите навивачи. Нека дојдат во Скопје да видам дали ќе одиграат исто“, изјави Цвијиќ.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Спорт

Посебно емотивен беше најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Фото: Спектакуларен пречек на Ѓоковиќ, српските кошаркари и баскетџии во Белград Србија синоќа ги поздрави своите спортски херои

Србија синоќа ги поздрави своите спортски херои, српската кошаркарска репрезентација...