Вардарци успеаа во целта и го совладаат Пик Сегед со 31-23 и го трасираа патот кон третото учество на Ф4-турнирот во Келн.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 април, 2019 23:11

Вардаровото срце не издржа – јунаците славеа и пуштија солзи на разделбата со Скопје!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк ФОТО: Гол.мк

Македонскиот ракометен првак Вардар вечерва го покажа македонскиот непокор. Со срце на терен, си ја оствари целта и на последниот меч во Скопје од Лигата на шампионите во рамки на четвртфиналето со 31-23 (14-12) славеше над унгарски ПИК Сегед и си обезбеди залиха пред реваншот во Унгарија.

Ова беше последниот натпревар на македонскиот ракометен првак Вардар, во овој состав, па најверојатно тоа беше поттик за ракометарите бквално да покажат магија на теренот.

Вардарци успеаа во целта и го совладаат Пик Сегед со 31-23 и го трасираа патот кон третото учество на Ф4-турнирот во Келн.

Ова беше последниот натпревар на македонскиот ракометен првак Вардар во досегашниот состав

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов рече „сè ќе оставиме зад нас, мислиме само на Сегед.“ Токму тоа го покажаа денес, покажаа дека се фокусирани, максимално сериозни и посветени на мисијата да се простат од црвено-црниот дрес со нов пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Избраниците на Роберто Гарсија Парондо беа одлични на тактички план, а ПИК Сегед речиси цел натпревар бркаше негатива, но ниту еднаш не успеа да ја достигне. Вардар дојде до висока позитива пред реваншот во Унгарија и гледа кон ново учество на Ф4-турнирите во ракометната елита, трето по ред.

За овој тим на Вардар ова беше последен натпревар во Скопје, затоа што Сергеј Самсоненко, досегашниот спонзор на тимот, се повлече од Вардар, и по крајот на оваа сезона повеќе нема да го финансира клубот со кој нижеше незаборавни моменти и успеси. Реваншот во Унгарија меѓу ПИК Сегед и Вардар е закажан на 5 мај.

Целата фотогалерија може да ја погледнете ТУКА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...