Во рамките на 9. коло, во драматичен финиш, успеаја да освојат бод против тимот на белорускиот шампион Мешков, изравнувајќи на 31-31. Овој натпревар беше четврти меѓусебен дуел на двете екипи во ЛШ, а резултатот е 2-1 за Вардар, со едно реми.

Објавил: Македонка Димкин | 24 ноември, 2018 19:06

Вардар издејствува реми, во една напната и тензична игра на гости против белорускиот Мешков!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин.мк

Ракометарите на Вардар со првото реми во годинашнава Лига на шампионите (ЛШ), откако вечерва во спортската сала „Викторија“ во Брест, во рамките на 9. коло, во драматичен финиш, успеаја да освојат бод против тимот на  белорускиот шампион Мешков, изравнувајќи на 31-31. Овој натпревар  беше  четврти меѓусебен дуел на двете екипи во ЛШ, а резултатот е 2-1 за Вардар, со едно реми. Во некомплетното коло во групата А, Вардар, сега има 11 бода и се искачи од петтото на третото место

Во второто полувреме Белорусите имаа предност суверени шест гола (27-21) се до тринаесеттата минута, но избраниците на трењерот Роберто Парондо, успеаја да изнајдат сили и со голот на левиот бек Кристиан Дисингер да израмнат на 12 секунди до крајот. Вториот дел русинот Мешков почна фантастично и со два погодока еден по еден за првпат поведоа со три гола (16-13), а потоа и со четири (18-14). Вардар на петпати се приближи на гол-негатива (18-19, 19-20, 28-29, 29-30, 30-31), но во последниот обид, кога беше и најважно, успеа да израмни.

Роберто Гарсија Паррондо (роден на 12 јануари 1980 во Мадрид) е поранешен ракометар. Како дел од шпанскиот тим, тој играше на Медитеранските игри во 2005 година и на Светското првенство во 2007 година во Германијa. На челната позиција во Вадар дојде од позицијата асистент Трењер во националната екипа на Македонија .После заминувањето на Раул тој е главен тренер во РК Вардар.

Првото полувреме кое заврши минимално со еден гол разлика (14-13) го добија Белорусите, кои во поголемиот дел имаа предност од еден до два гола. Вардар израмни на почетокот (2-2), а истото го стори и во 23-та минута (9-9), од вкупно шесте израмнувања во овој дел.

Со голот на десното крило Иван Чупиќ, црвено-црните за првпат поведоа во 27-та минута (12-11), што беше и единствено водство на средбата. Сепек, наместо скопјани да одат на одмор со гол-предност, во брзоплета контра, дозволија домаќинот да се стекне со позитива од еден гол (14-13).

Данската судиска двојка со чуден критериум во второто полувреме, а во 43-та минута престрого му додели директен црвен картон на пикерот на Вардар, Глеб Калараш, кога вардарци имаа негатива од три гола (20-23).

Најефикасен кај Вардар беше десниот бек Даинис Кристопанс со осум гола од девет обида, а кај домаќинот десното крило Дарко Ѓукиќ со седум погодоци. Солиден на голот беше и вардаровиот голман Дејан Милосављев со 10 одбрани, додека вториот голман Калифа Гедбан впиша шест и сите во вториот дел.

Следен  натпревар што Вардар треба да го одигра  ќе се случи на 1. декември во Скопје против полски Киелце.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...