Вардар се закити со нова европска круна. Нашиот шампион го растури вестер во келн Вардар е одново на кровот на Европа!

Објавил: Перо Милчин | 2 јуни, 2019 19:47

ВАРДАР СЕ ЗАКИТИ СО ВТОРА ЕВРОПСКА КРУНА- ВЕСПРЕМ ДОБИ ЌОТЕГ ОД МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН!

Фото/Текст извор: ©гол.мк

Вардар е одново на кровот на Европа! Историјата се повторува, Вардар се новиот европски првак, новиот владетел на Стариот Континент, по победата од 27: 24 (16:11) во финалето на Ф4 во Келн, на јубилејното десетто издание на Лигата на шампионите.

Перфектна, агресивна одбрана на вардарци, креативен напад, најчесто преку пикерите кои беа незадржливи за Веспрем и Миклер, Симултанка на Скубе, кој не само што проигруваше, туку и погодуваше и го предводеше македонскиот првак, таква перфектна слика понуди Вардар во првиот дел од мечот.
Итаа кон титулата, ниту повредата на Даниел Шишкарев, кој при една контра незгодно доскокна и побара измена поради болки во десната нога, не ги деконцентрираше вардарци.

Знаеја што сакаат момците на Парондо и беа подготвени да ја платат цената на бесмртноста. Егал до 4:4, а потоа комплетна контрола и највисока предност од шест гола (16:10), а со еден помалку заминаа на паузата.

Веспрем влезе со сосем поинаква тактика во второто полувреме, со Штербик на голот и одново со Ненадиќ во поставата, а тоа им донесе серија од 1-5 на почетокот од вториот дел што ја „стопи“ разликата на само еден гол, 17:16.
Парондо побара минута одмор за да ги смири момците, му даде шанса на Гедбан на голот и тоа веднаш направи разлика, а Вардар се најде на три гола предност, 20:17.

Такво темпо држеа „црвено-црните“ 23:20, 26:23, за на крајот Чупиќ со пенал и Милосављев со две фантастични одбрани да ја запечати судбината на Веспрем.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...