Со резултат 31:23 вечерва Вардар ги совлада Унгарците и со оваа фантастична победа Вардар е на чекор до уште еден Ф4 турнир кој ќе се заигра во Келн, Германија.

Објавил: admin@magazin | 25 април, 2019 22:09

ВАРДАР ГО ОСТАВИ СРЦЕТО НА ТЕРЕН ЗА МАКЕДОНИЈА- Сегед срушен од македонските шампиони !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Вардарци го совладаа Пик Сегед со 31-23 и зедоа учество на Ф4-турнирот во Келн.

Вечерва македонските ракометари на Вардар покажаа дека се фокусирани, максимално посветени на мисијата да кажат збогум од црвено-црниот дрес со нов пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите во Келн.

Беше 24-21 во 50. минута, кога голманот на Вардар одбрани пенал, а потоа направи уште три многу големи интервенции, за да покрене серија од 5-0 за нашите ракометари.

Со резултатот од 30-22 во 58. минута беше многу јасно дека Пик Сегед е во загуба на вечерашниот натпревар кој се одржа во Скопје.


Ракометарите на Вардар со осум голови разлика го совлада унгарскиот клуб Пик Сегед.

Унгарците ја пропуштија својата шанса да го спасат мечот некаде по 45. минута, кога се доближија на 21-20.  Вардар функционираше перфектно, со Скубе како среден, а Карачиќ како лев бек, кои неуморно ротираа за Криштопанс да може да напаѓа со голови.

Во првото полувреме, македонскиот шампион почна да води некаде по 10. минута, кога се забележа големата вредност на добрата одбрана со Криштопанс, Калараш и Мораес во средината на зоната 6-0.

Со резултат 31:23 вечерва Вардар ги совлада Унгарците и со оваа фантастична победа Вардар е на чекор до уште еден Ф4 турнир кој ќе се заигра на 5 мај во Келн, Германија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...