Пратеникот на ВМРО - ДПМНЕ, Сашо Василевски со краток одговор дали ќе гласа "за" или "против" уставните измени, "Ќе видите и самите а и јавноста за време на гласањето"

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 14:00

Василевски: Не можам да кажам дали ќе гласам за уставни измени

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пратеникот Сашо Василевски, на кој му беше дозволено да се брани од слобода за настаните во Собранието на Македонија од 27 април, минатата година, со чуден став за претстојното гласање на уставните измени.

Не можам ништо да ви кажам. На координација сум. – рече пратеникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ Сашо Василевски прашан дали ќе гласа за уставни измени.

На прашањето дали ќе гласа за уставните измени, Василевски кратко одговори.

Ќе видите. – додаде тој и не ја исклучи можноста да даде зелено светло за почеток на уставните промени.

Прашан дали по координацијата ќе има став, тој повтори дека тоа ќе го види јавноста за време на гласањето. Василевски не одговори дали ќе оди против партискиот став.

Пратеникот утрово пристигна во Собранието и се напи кафе со своите колеги пратеници.

Координацијата неофицијално требаше да се одржи во 10:30, но таа почнала подоцна.

Василевски, кој беше обвинет за настаните од 27 април, во вторникот беше пуштен од куќен притвор, со гаранција од 400 илјади евра по изјавата на премиерот Зоран Заев дека нуди помирување за крвавиот четврток.

Расправата за уставните измени продолжи денеска во Собранието.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести