Васил ќе биде македонскиот претставник кој ќе се обиде вонајдобро светло да ја претстави нашата држава на овогодишната Евровизија во Холандија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 јануари, 2020 18:04

Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија годинава на Евровизија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Нова Македонија

Македонскиот пејач Васил Гарванлиев ќе ја претставува нашата земја на овогодинешната Евровизија 2020, објави А1 он.

Васил ќе биде македонскиот претставник кој ќе се обиде во најдобро светло да ја претстави нашата држава на овогодишната Евровизија во Холандија.

Васил минатата година беше еден од придружните вокали на Тамара Тодевска која ја претставуваше Македонија во Израел.

Се уште не е познато со која песна Васил ќе ја претставува Македонија и допрва ќе треба да се избере песна.

Инаку Васил е познат на македонската сцена повеќе години, а за прв пат јавноста го запозна откако ја отпеа детската хит песничка  „Марионка“ на Златно славејче.

Васил минатата година беше еден од придружните вокали на Тамара Тодевска која ја претставуваше Македонија во Израел.

Оваа година не можеше да ми започне со поубава вест !

Почитувани пријатели, соработници и поддржувачи на мојата музика со особена чест (и многу возбуда) сакам ве исвестам дека оваа година ја имам можноста, задоволството, и одговорноста да ја претставувам нашата земја на најголемиот музички фестивал – Евросонг во Ротердам.

Оттука, сакам да се заблагодарам на целиот тим од МРТВ кој ме изгласа и одлучи да ми ја даде довербата токму јас да ја имам оваа чест но и одговорност истовремено.

Од кога паметам за себе, музиката e сѐ што правам, за што постојам, а многу често беше и е единствената светла точка во мојот живот. И покрај тоа што имам долгодишно искуство на меѓународни сцени свесен сум за предизвикот и одговорноста што претстојат за време на овој глобален настан, особено после успешниот пласман со Тамара минатата година. Сакам накратко да се oбратам на сите тие кои сонуваат и не се откажуваат од нивните амбиции. Патеката не секогаш е лесна, но еден ден секој чекор изоден напред со вложен труд и искрена љубов кон тоа што го правите ќе вроди со плод. Не се откажувајте никогаш!

Од сѐ срце благодарам на моето семејство и на моите соработници кој ме поддржуваат уште од самиот почеток, па дури и тогаш кога моите идеи им звучеа луди и апсрурдни. ВЕ САКАМ! 

Драги мои, подготвен сум за ова ново “патување” со отворено срце и искрена приказна, овој пат ветувам дека ќе дадам се од себе за мојата татковина, за сите нас!!! Се гледаме во Ротердам, напиша тој на својот Фејсбук профил. 

Васил Гарванлиев е роден во Струмица, 2 ноември 1984. 

Настапувал со многу познати ѕвезди како Нели Фуртадо, Џули Ендрјус, „Њу кидс он д блок“, Енрике Иглесијас, Селин Дион и др.

На музичката сцена прв пат се појавува на 7 години, а со детската песна Марионка, станува популарен, а песната станува евергрин. На 10 годишна возраст се преселил со семејството во САД. Кога имал 17 години, неговото семејство е депортирано од САД. Во Чикаго, пред да почне да се занимава со оперската музика, тој пеел поп соло. Потоа живеел во Милано, Италија. На аудиција. во Торонто, во Кралскиот конзерваториум бил примен со целосна стипендија и таму останал 9 години.

Од 2018 години поврорно се вратил во Македонија и живее и работи во Струмица.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.