Во неделата напладне, спасен е и вториот член на групата, по 18 часа пливање, додека третиот се уште се води како исчезнат и се бара во спасувачка акција на властите.

Објавил: Мате Парлоф | 10 јули, 2022 19:23

Васил кој прв беше спасен во Халкидики: Се се случи за 2 минути, водата не вовлече длабоко во морето

Фото/Текст извор: ©фокус/магазин.мк

Васил Брезовски е македонскиот туристот кој беше прв беше спасен откако го однесе струјата на плажата Мити во Посеиди.

Во неделата напладне, спасен е и вториот член на групата, по 18 часа пливање, додека третиот се уште се води како исчезнат и се бара во спасувачка акција на властите.

„Отидовме да пливаме со моите пријатели, на место кое тогаш немаше проблем, ниту високи бранови, ниту многу ветер. Но, за две минути, без да сфатиме, сцената се смени“, опишува тој за iefimerida.gr.

„Го загубивме вниманието на неколку минути, додека бевме и во плиткото. Но, ова беше доволно за времето да се промени и водата да не вовлече длабоко во морето“, се присетува тој.

„Се обидував да останам смирен и да останам на површината на водата. До мене беше мојот друг пријател, третиот воопшто не го видов. Одеднаш и него го изгубив за неколку секунди“, вели тој.

За негова среќа, сурфер му пришол на местото каде што бил. Не можел да му помогне, но му рекол да почека и дека помош наскоро ќе дојде. Сурферот ја известил крајбрежната стража и им ја кажал точната локација на Васил, поради што бил спасен.

Васил моментално останува во болницата Полигирос, додека само што дознал дека е пронајден неговиот втор пријател и е безбеден. „Се надевам и посакувам да се најде другиот“, кажал тој.

Пред да го заврши разговорот со грчкиот медиум, Васил сакал да пренесе порака за нивните спасувачи. „Сакам јавно да им се заблагодарам на моите спасувачи од крајбрежната стража.

Тие беа многу професионални. Им го должам мојот живот и наскоро ќе се обидам да ги видам лично, да им се заблагодарам“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.