Многу нови кариери ќе се родат. Така да се работи во животот.Но вие и пред и по референдумот ќе го имате вашиот глас ( и вашата доверба која ја давате) во вашите раце.

Објавил: Македонка Димкин | 16 септември, 2018 1:35

Васко Ефтов: За мене овој септември 2018 има само 29 дена!

Фото/Текст извор: ©фејсбук васко ефтов

Многумина ве разочаруваат за референдумот. Исто така, има многумина од кои ќе бидат позитивно изненадени. Многу работи се повлекуваат по референдумот. Многу нови кариери ќе се родат. Така да се работи во животот.Но вие и пред и по референдумот ќе го имате вашиот глас ( и вашата доверба која ја давате) во вашите раце.

Може да го поклонувате, да го давате или да го профдавате. Тоа е само ваше право. Вие тоа право може да го користите или да не го користите, тоа е ваша и само ваша одлука. Вие сте ја нарачувале Виолета Томовска по кафани, или сте дочекувале Нови години со пенсите на Дарио и Владо Јаневски. Тоа била ваша Желба и ваша одлука.

На 30 сптември пак же биде ваша желба и ваша одлука. Нема да е на Заев, ниту на Мицкоски ниту пак моја. Ќе биде ваша и само ваша. Одеднаш вашето право станува ваша должност. Ќе можете ли да живеете со тоа?Це-дето од Владо Јаневски можете да го фрлите во канта за ѓубре и никоој посебно нема да пати илои да се радува поради тоа. Но што ќе правите со вашата должност, со вашиот глас. Ќе го фрлите? Ќе го чувате? Ќе го дадете? Ќе го продатете? Ќе се убедувате дека е храбро да се смени името? Или ќе прифатите де ве убедуваат дека е храбро да се смени името?

Васко Ефтов и е познат на македонската јавнсот по неговата емсија во Центар каде буквално е немилосрден кон совите гости. Од пред неколку месеци Васко Ефтов е и прв ќовек на ТВ Алфа, и момоентално нема серијали на неговата емсија во ЦЕНТАР

Во што е храброста да се смени името на една држава? Има ли храброст во чинот да распродавате семејно благо бидејќи со лоши проценки сте влезени во банкрот? Колку во тој „банкрот„ вреди вашиот глас? Дали може една генерација која ја доведе државата пред историски банктор да одлучува за нејзиниата иднина?

За што ќе одлучувате? Да легализирате една капитулација? И таа капитулација да ја прифатите како своја вина?

Кажете ми една, само една причина зошто би легализирале една историска капитулација на една историски неспособна генерација кооје е историски немоќна да одогвори на историската здача која им била доверена. И според која логика една историски неспособна генерација ќе добие шанса да одлучува трајно за историјата на една држава и еден народ.

Можат политичарите да ве излажат, или да ве изневерат, тоа нема да биде ни прв ниту пак последен пат, и тоа сега не ни важно, сега е важно вашиот глас и вашата доверба да станат ваша должност. А ваша должност е да си го чувате семејството и да си јачувате државата. За жал или за среќа нема кој друг тоа да го прави во ваше име. Јас ја знам мојата должност: За мене овој септември има 29 дена!

Авторот е Новинар и директор кај ТВ АЛФА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...