Тие напишаа дека Зоран Заев ја депонирал својата оставка, отварајќи го патот да биде именуван нов кабинет за да организира предвремени избори.

Објавил: Весна Петровска | 4 јануари, 2020 11:45

Вашингтон пост: Заев поднесе оставка без образоложение, разочаран и разбеснет од ЕУ

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Американскиот „Вашингтон пост“ отстапи место и за поранешниот премиер Зоран Заев во весникот.

Тие напишаа дека Зоран Заев ја депонирал својата оставка, отварајќи го патот да биде именуван нов кабинет за да организира предвремени избори.

„Вашингтон пост“: Заев разочаран и бесен на ЕУ, оставка поднесе без образложение

Пратениците во македонското собрание ја прифатија оставката без да има некоја расправа и планираат да гласаат подоцна во текот на денешниот ден со цел формирање на техничката Влада која ќе ги организира изборите на 12 април.

Предходно, односно минатата година, најголемите политички партии во нашата земја, постигнаа договор, Оливер Спасовски, тогашен министер за внатрешни работи во владата на Зоран Заев, да биде технички премиер.

Заев побара предвремени избори, забележувајќи го неговото „разочарување и бес“ од неуспехот на Европската унија да не започне преговори за членство со Северна Македонија и Албанија минатата година, истакнува весникот.

Франција, поддржана од Данска и Холандија, остро се спротивстави на разговорите за членство, повикувајќи на реконструкција на процедурите на ЕУ за прием на нови членки.

Владата предводена од социјалдемократите на Заев ја презеде функцијата во 2017 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.