Вдовицата на Шабан реши да се пресели од семејна вила во раскошен, простран стан во непосредна близина на нивниот дом - Дедиње. Гоца за луксузниот стан во новоизградена зграда издвоила 450.000 евра.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 март, 2020 16:37

Вдовицата на Шабан ја издала семејната куќа во Дедиње, се преселила во луксузен стан од 450.000 €!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вдовицата на починатиот крал на народната музика, Шабан Шаулиќ, Гордана Шаулиќ ја изнајми семејната куќа во Дедиње на амбасада на арапска земја пред неколку месеци, која немаше проблем да издвои огромна сума за сместување на својот дипломат. Како што беше соопштено Гоца зема дури пет илјади евра за месечна закупнина на семејниот дом.

Шабан Шаулиќ (роден 6 септември 1951 во Шабац, Југославија, починал 17 февруари 2019 во Билефелд, Германија)— српски пејач. Во текот на неговата богата кариера во медиумите и од јавноста го добил прекарот „крал на народната музика“.
Шаулиќ загинал на 17 февруари 2019 во сообраќајна несреќа враќајки се од концерт во Билефелд во Германија.

Вдовицата на Шабан реши да се пресели од семејна вила во раскошен, простран стан во непосредна близина на нивниот дом – Дедиње. Гоца за луксузниот стан во новоизградена зграда издвоила 450.000 евра.

– Гоца неодамна изнајми луксузен стан во новоизградена зграда во Дедиње. Станот е околу 150 квадратни метри, а квадрат во таа зграда чини 3.000 евра. За овој луксузен имот Гоца даде околу 450.000 евра. Таа едноставно беше воодушевена од зградата, која е на многу добра локација, а исто така се одлучи за тоа бидејќи зградата била близу до нивната вила. Гоца го најде својот мир таму и се чувствува како да живее тука со години. Таа живее сама во станот, но честопати ја посетуваат нејзиниот син и ќерка – рече добро упатен извор.

Инаку, вредноста на вилата на Шаулиќ во Дедиње е проценета на околу 1.000.000 евра. Куќата е релативно нова и има четири спални соби, три купатила, две кујни, голема дневна соба и подрум, како и голем двор. Пред изградбата на оваа вила, семејството Шаулиќ живееле во куќа која ја купиле од внуката на Тито, Златица.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.