Црквата, пак, мајчински нè поучува дека за нешто навистина да биде ново, тоа треба да ѝ припаѓа на вечноста и да извира од спасоносната тајна на Воскресението“, рече поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан честитајќи им го Велигден на граѓаните на нашата земја.

Објавил: Перо Милчин | 24 април, 2022 11:57

Велигденска порака од поглаварот Стефан: Бог да ни дарува мудрост и единство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Епохата во која живееме често се претставува како нова, како време во кое старите облици на живеење и традиционалните вредности треба да се заменат со нови.

Црквата, пак, мајчински нè поучува дека за нешто навистина да биде ново, тоа треба да ѝ припаѓа на вечноста и да извира од спасоносната тајна на Воскресението“, рече поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан честитајќи им го Велигден на граѓаните на нашата земја.

„Сведоци сме дека, и покрај сите обиди на светот да се обнови самиот себеси, со посредство на технолошките откритија и човечките мудрувања, тој успева само да направи привид на новото, но не и да воведе некоја суштинска промена. Војните, болестите, сиромаштијата, гладот, негрижата за беспомошните не запираат и покрај сите насобрани знаења и достигнувања на нашето време. А зошто е така? Така е зашто човештвото, и покрај сиот развој и напредок, останува исто и непроменето“, истакна тој.

Поглаварот Стефан рече дека предизвиците со кои се соочува нашето поколение, потврдуваат дека ваквата преобразба ни е потребна како никогаш досега. Создаваме и живееме време преполно со искушенија, време во кое очигледно е отфрлен разумот.

Со неизмерна тага, подвлече тој, ги следиме известувањата за братоубиствената војна која изминативе недели се води по украинската православна земја.

„На човекољубивиот Бог му принесуваме ревносни молитви за да го воскресне мирот во неа и во целиот свет. Ги повикуваме сите верници да ги сочуваат своите срца од омраза и гнев. Затоа, да застанеме во заедничка молитва за спасение на сите страдални луѓе и на сите што се засегнати од оваа голема несреќа. Да се молиме Бог да им го даде дарот на покајанието и прошката, врз кои се крепи мостот што води кон помирувањето“, рече поглаварот на МПЦ.

Осврнувајќи се на домашните состојби, г.г. Стефан рече дека и „кон нашиот православен народ, и во мир се води војна и продолжуваат непријателствата и негирањата“.

Затоа, да го молиме воскреснатиот Господ, да ни ги дарува потребните мудрост и единство, и нам, во татковината, и насекаде до каде што нè има по светов, за да можеме да се одбраниме од сите што ја порекнуваат македонската посебност и сето она што нам ни припаѓа, или се обидуваат со сомнителни статистики да го намалат, па дури и сосема да го избришат многувековното присуство на Македонците по македонската земја, и во минатото и во сегашноста“, рече тој. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Религија

Се верува дека историскиот, социјалниот и политичкиот подем на Русија на светската сцена дојде со нејзиното  пристигнување во Русија и затоа оваа држава има водечка улога во православниот свет.

ОВАА ИКОНА НА МАЈКА БОГОРОДИЦА ТРИ ПАТИ ЈА СПАСИЛА РУСИЈА: Таа е заштитник на Русите!!

Иконата на Богородица Владимирска е една од најпочитуваните и светите икони на Православната...