Децата на Меган и Хари нема да бидат принцови и принцези, туку ќе носат титули лорд или лејди.

Објавил: admin@magazin | 4 мај, 2019 20:43

Велика Британија на нозе: Стигнува кралското бебе!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Пред домот на Меган Маркл и принцот Хари видено е возило на итната помош, па во јавноста се зборува дека кралското бебе веќе е дојдено на свет, пишуваат британските медиуми.

Возбудата во Велика Британија додатно порасна откако над нивната куќа е виден хеликоптер кои надлетувал неколку часа.

Знаеме дека бебето на пат, можеме да кажеме дека денеска е денот кога ќе дојде на свет кралското бебе. Денеска или утре. Тоа не е уште потврдено но прашање е само време, изјави вчера автор кој го следи животот на кралското семејство Крис Шип. 

Сè укажува дека Меган ќе се породи на крајот од овој месец. Таа се повлече од јавниот живот пред две недели, иако беше видена како шета по улиците на Лондон со нејзиниот сопруг Хари.

Децата на Меган и принцот Хари нема да бидат принцови и принцези, туку ќе носат титули лорд или лејди.

Женските деца нема да ја наследат титулата „војводство“, затоа што традиционално таа им припаѓа само на машките наследници.
Нивните деца најверојатно ќе се презиваат Сасеск, односно тоа ќе биде презимето што ќе го користат кога ќе тргнат на училиште.

Децата на принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон го носат презимето Кембриџ, а Вилијам и Хари кога беа ученици го носеа презимето Велс, според титулата на нивните родители, принцот Чарлс и принцезата Дајана.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.