Светскиот ден на велосипедистите оваа година Град Скопје го дочека справувајќи се со предизвиците на светската пандемија на коронавирусот која го наметна велосипедот како најбезбедно превозно средство од аспект на превентивната заштита од Ковид-19.

Објавил: Владо Марин | 3 јуни, 2020 22:12

ВЕЛОСИПЕДОТ СЕ УШТЕ НАЈМУДРА ОПЦИЈА ЗА ТРАНСПОРТ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Светскиот ден на велосипедистите оваа година Град Скопје го дочека справувајќи се со предизвиците на светската пандемија на коронавирусот која го наметна велосипедот како најбезбедно превозно средство од аспект на превентивната заштита од Ковид-19.

Во тек е јавниот повик за субвенционирање за купување на велосипед за жителите на Скопје кој градот ко распишува веќе неколку години по ред. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице.

Светскиот ден на велосипедистите оваа година Град Скопје го дочека справувајќи се со предизвиците на светската пандемија на коронавирусот која го наметна велосипедот како најбезбедно превозно средство од аспект на превентивната заштита од Ковид-19.

Годинава интересот за набавка на велосипеди е драстично зголемен, особено по појавата на епидемијата на коронавирусот, за што говори и фактот дека само во првиот ден од објавувањето на јавниот повик поднесени се 696 барања од граѓаните за субвенции за купен велосипед.

Зголемениот интерес и почитувањето на физичката дистанца меѓу граѓаните коишто аплицираа резултираше со формирање редица подолга од 200 метри околу седиштето на Град Скопје.

До крајот на денешниов ден поднесени се вкупно 2.173 барања од граѓаните за субвенции за купен велосипед и 191 барање за купен тротинет.

Ги охрабруваме граѓаните кои имаат интерес да поднесат барање за субвенции да го сторат тоа и во текот на утрешниот ден, стои во соопштението на град Скопје!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...